Samsung ја најави надградбата на Notebook 9 Pen. Компанијата најави две верзии на хибридот, 13 и 15 инчен модел.
Сепак за прв поглед на уредите ќе мора да почекаме до јануари кога уредите ќе бидат претставени на CES во Лас Вегас. Но, не сме сосем без податоци, дознавме барем нешто за хардверот. Процесорот е ист и за двата уреди, 8-генерација Intel Core i7 процесор; 13-инчниот модел доаѓа со интегрирана UHD графичка картичка, a 15-инчниот со Nvidia GeForce MX150. Уредите доаѓаат со 16 GB LPDDR3 и 512 GB SSD. Батеријата е 54 Wh, Samsung тврди дека ова е доволно за 15 часа работа помеѓу полнењата.
Цената на уредот би требала да биде околу 1 400 долари, а официјално претставување на новите модели ќе биде на CES, вели Ars Technica.