0 коментари 2 мин. читање 30 декември, 2014

Samsung можеби ќе го повлече убавиот Alpha, и ќе објави поевтина верзија

Samsung конечно со Galaxy Alpha креираше телефон кој на сите им се допаѓа, но не поминаа ни шест месеци, а се појавуваат првите гласини дека телефонот ќе биде повлечен. Првите нагосвестувања велат дека е можно Galaxy Alpha да биде заменет со Galaxy A5, кој иако започна со продажба во Кина, што е помалку чудно со оглед на тоа дека компанијата вообичаено своите телефони ги презентира во Јужна Кореа.

Повлекувањето на Galaxy Alpha кој покрај прекрасниот изглед не успеа да се наметне на пазарот, поради проблеми со батеријата, но и превисоката цена, може да е жртва на определбата на Samsung за реорганизација на мобилниот оддел кој во 2014 година продолжува со лоши резултати.

Замената за Galaxy Alpha, Galaxy A5 на корејскиот пазар би се појавил во јануари или на почетокот на февруари, за цена од околу 360 долари, со што би биле значително поконкурентни на пазарот за телефони од средна класа. Слично како и Galaxy Alpha и A5 доаѓа со метална рамка, јави ET News.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top