Firefox OS навистина многу бавно се придвижува на пазарот, а една од причините за ова се и ужасните телефони кои би требало да го популаризираат оперативниот систем. Новиот телефон Fx0 кој доаѓа на јапонскиот оператор KDDI би требало да го решо овој проблем, наговестува Boingboing кој имаше можност да го тестира телефонот.
Овој пат не станува збор за евтин уред туку за навистина убав телефон со проѕирна маска. Со оглед на тоа дека Firefox OS помалку го оптоварува хардверот од останатите оперативни системи можеби е разбирливо што хардверот на телефонот изгледа помалку застарено. Fx0 доаѓа од LG и наликува на LG G3 кога LG G3 би имал проѕирна маска. Телефонот доаѓа со 1.2 GHz Snapdragon 400 процесор, 1.4 GB RAM, 16 GB слободен простор и батерија со капацитет 2.370 mAh.
Fx0 започна со ограничена продажба на 25 декември, а ќе биде достапен во Јапонија од 6 јануари по цена од 420 долари. За жал очекувањата се дека телефонот ќе остане за јапонскиот пазар, но ова не значи дека успехот на телефонот нема да предизвика производство на нови мобилни телфони за Firefox OS кој би можеле да го живнат пазарот и екосистемот.