Samsung го презема приматот од Intel, сега е најголемиот прозводител на чипови

во Вести

Корејскиот гигант Samsung го презема лидерското место од Intel, барем кога производството на чипови е во прашање. Intel имаше потполна доминација со декади кога продажбата на процесори е во прашање.

Компанијата во 2017 година продала 14.6% од чиповите на пазарот, а Intel продал 13.8%. Причината за порастот може да се бара во поголемата побарувачка на меморија. Главен двигател се паметните телефони, кои последниот период имаат поголема потреба од меморија, но и податочните центри.

Компанијата е еден од најголемите производители на RAM за паметни телефони, но и еден од најголемите производители на SSD. Samsung држи една третина од пазарот на SSD, јави Verge.

Одделот за полупроводници на Samsung секако има причина за славје. За жал, одделот за паметни телефони  неколку пати по ред забележува пад на заработката. Овој пат падот на оперативниот профит е 3.2%, спореден со истиот период минатата година.

Samsung најави дека ќе ги подели акциите 50:1 пренесе CNBC, а акциите на компанијата рипнаа за 8%. Компанијата јави и дека во последното тримесечје на 2017 година направиле рекордна оперативна заработка од 14.15 милијарди долари.

Интересно, но ова не е прв пат Samsung да помине гигант кој во некој сектор имал потполна доминација. Најверојатно сите се сеќаваат дека Nokia имаше доминација на пазарот за паметни телефони. Сепак, компанијaта го изгуби „приматот“ од Samsung и Apple. Продажбата на паметни телефони можеби забавува, но Samsung сè уше е лидер по бројот на продадени телефони.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments