Samsung Galaxy S4 дефинитивно пристигнува во март

во Мобилни

Samsung дефинитивно ќе го претстави Galaxy S4 на 14 март во Њујорк, јавува The Verge, повикувајќи се на свои извори во компанијата. Samsung најавува дека скокот од класа 3 до 4 ќе биде поголем од тој на претходникот. Најавата за новата класа на Samsung уреди најмногу ќе и наштетат на продажбата на новата верзија на HTC One чија продажба започнува на 19-ти февруари. Интересно е што ова нема да биде првпат Galaxy S и HTC One да си попречуваат во продажбата.

Galaxy S4 ќе има осум јадрен Exynos 5 процесор, Мали-Ѕ678 (8-јадрен) графички процесор, 4-99 инчен Super AMOLED Full HD екран, 2GB RAM, 13 MP задна камера со која ќе може да се снимаат видеа со квалитет 1080р и 30 FPS, предната камера е 3MP и 720р HD. Galaxy IV ќе доаѓа со Jelly Bean 4.2.2, јавува Sam Mobile.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Senior Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk