0 коментари 2 мин. читање 29 мај, 2012

Samsung Galaxy S III ќе се продава во 145 земји од јули

Од денес започна продажбата на Samsung Galaxy S III во 28 земји, а најавено е дека до јули ќе се појави во вкупно 145 земји продаван од 296 оператори.

Деветте милиони нарачки на уредот ни кажуваат дека корисниците се нестрпливи за овaa новa генерација на Galaxy уреди кои полека стануваат најголемиот конкурент на Apple iPhone. Samsung до сега успеа да продаде околу 40 милиони паметни телефони, со што стана најголемиот произведувач на телефони ширум светот.

Но, битката за најдобриот паметен телефон нема да биде освоена со хардвер. Galaxy S III е Android телефон и ваков популарен уред може да ги мотивира програмерите да креираат солидни и квалитетни апликации за оваа платформа. Аndroid заостанува зад iOS на Apple со квалитетот и ексклузивитетот на апликациите. Сите популарни апликации првин објавуваат своја iOS верзија, па потоа размислуваат за Android.

Samsung Galaxy S III работи на 1,4 GHz quad-core Exynos, HD Super AMOLED екран, 8-мегапиксели камера со подобрен софтвер кој овозможува тагирање на лица според контакти и го намалува тресењето на раката. Има и S Voice што е гласовна интеракција за активирање на телефонот, контролирање на музичкиот плеер или фотографирање, налик на Siri за iPhone 4S.

[youtube]on1VgsO-LC8[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top