Сигурен сум дека до сега секој има изгубено, или им бил украден, барем еден мобилен телефон. Јас имам изгубено само два, за среќа прилично обични, без никакви посебни можности. Доколку беа од новите паметни телефони ќе беше исто како да сум изгубил дел од мене, продолжена рака која ги чува сите информации и сите контакти од пријателите. Овие телефони не само што чинат многу, туку и содржат многу важни информации кои се составен дел од вашиот живот. Сигурно никој не би сакал нивните лични информации да бидат достапни на секого кој би можел да го најде изгубениот телефон.
Затоа Samsung за да ве заштеди од овие главоболки ja претстави апликацијата Samsung Dive, која ви овозможува да го најдете вашиот изгубен или украден телефон. Со помош на GPS, сопственикот можете да ги дознае точните координати на телефонот, и да одлучите дали да го заклучите или целосно да го избришете. Samsung Dive исто така може да ви испрати нотификација доколку SIM картичката е заменета.
SamsungDive моментално е достапен за Samsung Galaxy S II, Galaxy S, Samsung Wave, како и за таблет компјутерите Galaxѕ Tab 10.1 и 8.9. Најдоброто со SamsungDive е тоа што е бесплатно, а лошото што моментално е достапно само во Велика Британија и Германија. Но се очекува наскоро оваа услуга да биде достапна и во други земји.









Е "голема револуција" Аpple ја имаат апликацијата од iPhone 3G па наваму (Find iPhone)