Од неодамна, MindsEye доби значајно освежување преку седмото ажурирање за играта. Доколку никогаш не сте ја провериле играва или пак ја игравте малку кога излезе, ќе ви биде мило да прочитате дека најновото ажурирање значително ја подобрува техничката стабилност. Не се додават нови содржини, но голем број од она што веќе го имаше е додатно исполирано. Развојниот тим, воден од критиките од заедницата, максимално се има фокусирано на подобрување на текот на кампањата и на отстранување на фрустрирачките пречки кои претходно го кочеа напредокот. Како резултат, добивате значително подобра игра од она што беше на самиот почетоко. Но, дали е тоа доволно?

Фер игра
Најзначајните промени во Mindseye се видливи во балансирањето на мисиите. На пример, во мисијата Robin Hood, песочната бура сега се расчистува порано,, а додадени се и маркери за полесно снаоѓање. Слични подобрувања се воведени и во мисиите како The Mole и The Wrong Move. Ова се мисии кои беа озлогласени за бројни направедни и фрустрирачки услови. Сега работите се поедноставени и потранспарентно прикажани, значително намалувајќи го степенот за неуспех. Доколку ја имате купено Deluxe верзијајта, тогаш со ажурирањето доаѓаат и таканаречните Silva E-Series. Се работи за тркачки настан во центарот на градот така да имате дополнителни можности за негување на вашите тркачки аспирации од натпреварувачки карактер.

Во однос на гејмплејот, MindsEye и понатаму останува акциона авантура од трето лице која се потпира на тактичка борба преку прикривање. Најновото ажурирање ја подобрува вештачката интелигенција, до тој степен да повеќе нема да ве фасцинира паранормалното движење или зомби пасивноста на непријателските единици. Сега, непријателите подобро реагираат и покорисно ја користат околината за се кријат од вашите куршуми. Вашиот придружен дрон, пак, доби подобрени контроли за PC корисниците, давајчи им на процедурите со хакирањето и извидувањето интуитивна димензија. Но, иако овие технички поправки се ценети, тоа никако не ја прави самата борба покомплицирана. И понатаму работите се сведуваат на користење ограничен и неинспиративен арсенал од оружја, со механики кои се функционални, но на ниеден начин не се истакнуваат од конкуренцијата.

Mindseye никако не е огра во отворен свет туку игра која ве задева со ветување за отворен свет. Истражувањето и движењето, иако визуелно впечатливи, страдаат од одредени дизајнерски, крајно неинспиративни ограничувања. Да, играта нуди можност за возење на различни возила, но искуството е попречено од недостатокот на вистински отворен и жив свет. Како резултат, возењето од една до друга мисија е повеќе досадна обврска отколку задоволство. Најновото ажурирање се труди да го подобри светот повеќе од технички аспект, односно со намалување на motion blur ефектот и подобрени визуелни ефекти на крв и удари. Но, надвор од стриктно дефинираните мисии светот не е ништо повеќе од празна лушпа, што, претпоставуваме, може да е во ред за оние кои навлегуваат во играта очекувајќи линеарен пристап.

Што се однесува до самата приказна, од една страна, може да ви се допадне конфликтот на Џејкоб Дијаз со корпорациите и одметнатата вештачка интелигенција, но, под површината, и тука имаме проблематична изведба. Наративот се движи со пребрзо темпо, скокајќи од вовед во кулминација без доволно време за развој на настаните. Ова резултира со ликови кои немаат длабочина; односите меѓу нив се чинат изнудени и се појавуваат од никаде, што го отежнува емотивното поврзување на играчот со протагонистот. Звучната подлога е подобрена во последниот печ, особено со додавање на музика која недостасуваше во одредени филмски сцени и подобри звучни сигнали во мини-игрите, што додава малку повеќе атмосфера, но не ја поправа суштинската плиткост на сценариото.

Седмото ажурирање е чекор во вистинската насока за MindsEye, трансформирајќи ја играта од технички нестабилен наслов во значително подобро и исполирано искуство. Алатките за креирање и понатаму остануваат светла точка која значително ја продолжува забавата, а, со тоа, и долговечноста на играта. Доколку влезете во алатката ќе забележите интересни проекти направени и споделени од заедницата. Сепак, иако играта сега е технички постабилна, наративните главоболки сеуште се тука. Тоа, во споредба со, просечните и неинспиративни гејмплеј механики, не прават чудо и не може да се надмине чувството дека сè можело да биде многу подобро, но или не се знаело како. Споредено со денот на лансирањето, сега е дефинитивно подобро време да ја проверите играта, но наместо револуција во жанрот треба да учекувате солидна, иако на моменти повторлива, акциона авантура.








