САД воведува анти-пиратски систем

во Веб, Свет

Неколку оператори во САД имплементираа нова практика во борба со споделувањето на пиратски содржини на Интернет, пишува Mashable. Новиот систем има за цел да ги образува корисниците за авторските права или да ги спречи да симнуваат.

Copyright Alert System е целосно автоматизиран и ја зголемува казната од предупредувачка пошта до драстично намалување на интернет брзината доколку корисникот продолжи да симнува нелегална содржина. Системот се темели на детектирање на пиратите од страна на сопствениците на авторските права кои ќе го известат провајдерот да преземе понатамошни мерки против корисникот.

Прв чекор по детектирањето на „престапникот“ ќе биде испраќање на имејл порала со која се известува дека ги нарушил авторските права. По ова, корисникот ќе мора да потврди дека ги добива пораките и да изгледа едукативно видео кое ќе го запознае со правата кои ги имаат авторите. Најголема казна е намалување на брзината, а доколку „престапите“ престанат брзината ќе се врати како пред престапот.

Уште со најавата скептиците предупредуваат дека системот нема да ги постигне посакуваните резултати. Поради предупредувањата за намалување на брзината во објектите кои нудат WiFi како дел од својата услуга (на пример кафулиња или хотели), CAS всушност нема да ги казнува ваквите локали. Ова може да доведе ваквите објекти да станат „рај“ за пиратите.

Новите корисници ќе се едуцираат како подобро да избегнат детекција. Со оглед дека CAS ги следи peer-to-peer сообраќајот на BitTorrent, пиратите и корисниците едноставно можат да избегнат детекција со избегнување на BitTorrent. Истото важи и за корисниците кои ќе ја скријат својата интернет адреса, што ќе биде добредојдено кај активистите кои се залагаат за интернет анонимност. Најголем удар законот ќе донесе на движењето за отворен WiFi. Open Wireless Movement се залага за отворање на WiFi за сите минувачи, целта е да се зголеми покриеноста со интернет преку споделување на ресурсите. Доколку некој симнува пиратска содржина и биде фатен тој всушност ќе посочи на IP адресата на сопственикот, кој потоа ќе ги трпи последиците.

Најавено е дека системот ќе го применуваат големите провајдери во САД (AT&T, Verizon, Cablevision, Time Warner и Comcast), а први ќе започнат Comcast од денес.

[youtube]kQTONXs_N-A[youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Anon
Anon
9 years ago

nikogash nema da uspeat vo ova XD

види ги сите огласи на kariera.it.mk