0 коментари 3 мин. читање 27 октомври, 2015

САД се плаши дека руски подморници ќе ги исечат подокеанските интернет кабли

Руски воени подморници и бродови во близина на најголемите подводни интернет сообраќајници ги вознемирија САД и сојузниците. САД не верува дека се работи за случајност, туку за организирана акција од страна на руската флота, за која покажува фактот дека е забележано зголемено присуство на воени бродови на сите клучни точки, вели New York Times.

Минатиот месец е забележена активност во близина на источниот брег на САД – рускиот брод Јантар патролирал околу оптичките кабли кои овозможуваат интернет комуникации со поморската база Гватанамо Беј. Слични активности се забележани и во остатокот на светот од Северното море, па сѐ до Североисточна Азија.

Ако до сега главната опасност беше прислушување на комуникациите, како што дознавме за американската NSA, иронично е што САД се плашат дека нападот е дизајниран за прекин на комуникацијата помеѓу САД и Европа. Иако опасноста од ваков напад во моментов е неоправдана, експерти за ВВС изјавија дека со додавање на додатоци на подоморниците лесно би можеле да станат реалност. Од ваков напад најмногу би страделе обичните корисници, додека командите на војската и останатите клучни инсталации ќе останат поврзани. Една од причините за загриженост се и известувањата дека при нападите на Крим, властите во Украина јавуваа за прекин во интернет комуникациите со своите претставници на полуостровот.

Прекинувањето на каблите не е непознато и досега, но се случува како последица од невнимателност, кога бродовите ги спуштаат котвите во близина на каблите. Од оваа причина во близина на бреговите, каблите се закопани, па опасноста за прекин е минимална. Сепак закопувањето на целата подводна инфраструктура значително ќе ја зголеми цената на поставување и поврзување. „Во моментов сметам дека воена или терористичка закана е помала опасност – поверојатно е дека каблите ќе бидат оштетени од бродови и котви,“ вели Џереми Хартли, сопственик на консултанска канцеларија при подводно поставување на кабли. Еден од начините на заштита на инсталациите, освен нивното закопување, кое можеби е прескапо – е заштита на клучните точки во случај на конфликт со испраќање на бродови кои ќе патролираат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top