0 коментари 2 мин. читање 15 јули, 2014

САД повторно ја обвини Кина за сајбер-шпионажа; овојпат за украдени планови на војни авиони

Кина со сајбер нападите врз Lockheed Martin наводно собрала и дел од плановите за последната генерација на воените воздухоплови на САД, F-22 Raptor и F-35A Joint Strike Fighter. Нападите ги извршил кинески државјанин Су Бин кој живее во Канадa, јавува Wall Street Journal. Сајбер нападите г. Су ги извршил со помош на уште двајца соучесници, и освен Lockheed Martin, цел на нападите бил и Boeing од каде се собрани податоци за С-17 воен транспортен авион.

Обвинителството на САД во 50 страни го објаснува престапот на г. Су, кој во период од 2009 до 2013 година, од поголем број на контрактори ја украл технологијата и ја пренел во Кина. Според обвинителството, г. Су не работел директно за кинеската влада, имал финансиска корист. За разлика од хакерите-офицери кои работат за кинеските власти и тешко дека ќе бидат доведени во САД, г. Су е во притвор во Канада каде ја очекува екстрадицијата.

Сајбер криминалот и шпионирањето годишно ги чинат светските економии 445 милијарди долари или 1 отсто од светските приходи. Штетата која 2013 година ја претрпеа заедно трите најмоќни економии САД, Германија и Кина се проценува на 200 милијарди долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top