Fellowship е уште една survival action-roguelike игра инспирирана од Vampire Survivors

Vampire Survivors воведе вистински бум и ги размрда roguelite жанровите така што воведе нови и свежи механики. Но, она што е ново и свежо обично не трае долго и откако ќе почнат да се редат копија по копија слични наслови, се појавува ризик да се презасити гејмерската популација и она што некогаш беше свежо сега да е бајато.

За среќа, многу девелопери суптилно ги менуваат survival action-roguelike механиките кои беа препознатливи за Vampire Survivors; го вовлекуваат играчот во поразлични универзуми и со уникатни графички прикази. Yet Another Zombie Survivors e жив доказ за тоа! Апсолутно ја обожаваме играта, а со сличен ентузијазам поминавме и низ Vampire Hunters! И за двете овие игри јасно е која игра им е инспирација, но, како што прочитавте од нашите рецензии, насловите се доволно различни за да понудат впечатлива и уникатна забава. Наскоро и со малку среќа, Fellowship би можела да се приклучи на листата од таквите игри!

По демото кое можете да го најдете на Steam, девелоперите Elraim Studio, вредно го поплочуваат патот првин за учество во Steam Next Fest, настан кој е планиран од 9 до 16 октомври, а потоа и за официјалното излегување во раниот пристап на Steam на 7 ноември.

Во моментот можете да го проверите само демото, но од она што го видовме, се работи за шармантна, шаренолика игра во која, слично на Yet Another Zombie Survivors, управувате со група херои, а не само со еден лик. Во мистичниот свет на Eldrida, ќе имате за задача да водите тим од осум херои и да се спротивставите на мрачните сили на волшебникот Голтар.

Како што напоменавме, и оваа игра се истакнува од јасната инспирација на неколку начини. Како прво, покрај тоа што управувате со група од уникатни херои кои имаат различни вештини и способности, имате на располагање и таканаречени динамични формации односно стратешко позиционирање.

Хероите заземаат одредени формации кои ротираат со држење на десниот клик на глувчето. На овој начин, стратешки ќе можете да ги движите околу првиот лик и поефикасно да ги ослободувате деструктивните моќи. Паралелно со ова, ќе можете и да собирате бројни ресурси и магични камења за да ги надградувате хероите и да ги правите посилни со секој нареден ран.

Кога играта ќе влезе во раниот пристап на Steam, ќе имате на располагање 4 уникатни зони за истражување, како и над 100 уникатни непријатели и (мини) босови. Финалната верзија ќе се одликува со 10 зони, 12 херои и уште повеќе непријатели, способности и моќи.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Elraim Studio
  • Издава: Elraim Studio
  • Жанр: survival action-roguelike
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Ќе излезена на: 7 ноември 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments