Amazon е првата компанија чија вредност паднала за 1 билион долари

во Свет

Голем дел од технолошките гиганти благодарение на здравствената криза успеаја значително да ја зголемат својата заработка и својата вредност. Ова траеше неколку години, а профитот дури и кога некои други компании едвај се справуваа, растеше. Благодарение на ова Amazon, Microsoft, Apple, Meta, значително ја зголемија својата вредност.

За жал, економијата не продолжи како што најголем дел од компаниите очекуваа. Па, дел од нив мораат да отпуштат вработени, а вредноста на берзата е намалена речиси за сите. Најголемите 5 компании во САД (според заработката) во оваа година заедно загубија 4 билиони долари од својата вредност.

Amazon е првата компанија во историјата чија вредност паднала за 1 билион долари. Компанијата на 21 јуни беше проценета на 1, 882 билиони долари. Оваа недела акциите на Amazon паднаа на 86,14 долари, по што вредноста на компанијата е 879 милијарди долари.

По подолг период вредноста на Amazon на 1-ви ноември падна под 1 билион долари. Продолжувањето на падот доаѓа по предвидувањето за најбавно четврто тримесечје во историјата на компанијата.

Акциите на Amazon само во оваа година се паднати за 48%. Богатството на основачот Џеф Безос се намали за 83 милијарди долари, на 109 милијарди американски долари, пренесе Bloomberg.

Оваа недела вредноста на Amazon е 878 милијарди долари. Ништо подобро не помина ниту Microsoft кој има загубено околу 900 милијарди долари. Компаниите беа на самиот врв според својата вредност, а сега се на другата страна од истиот врв. Двете компании заедно со отпуштањата, најдобро го покажуваат ужасниот ефект кој оваа година го имаше на ИТ-секторот, констатира Gizmodo.

Amazon и оваа година ќе ја заврши со раст кој се очекува да биде помеѓу 2 и 8 проценти, што се чини не е доволно за берзата. Главната причина за забавениот раст е лоцирана во добредојденото подигање на мерките за безбедност по ковид-19 пандемијата. Поради ова, дел од купувачите се вратија во физичките продавници, и го намалија купувањето онлајн. Интересно вредноста на Amazon сега е споредлива со вредноста која компанијата ја имаше некаде на крајот на 2019 година.

Падот на вредноста секако не е вест на која може да се гледа позитивно. Сепак, Amazon е една од ретките компании кои не најавиле отпуштање на своите вработени. Ова од неодамна е вистинска реткост, дури и во технолошкиот сектор. Колку е лоша ситуацијата во целиот сектор, веројатно најдобро покажува бројот на отпуштања. Само во последните неколку дена Facebook отпушти 11 000 вработени, а Twitter ќе продолжи да работи со половина од поранешниот капацитет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk