DreadOut Remastered Collection: римастер на првата хорор игра и експанзијата

во гејминг

DreadOut Remastered Collection е колекција која ја содржи оригиналната игра DreadOut и нејзиното продолжение DreadOut: Keepers of the Dark.

Колекцијата излезе на 16 јануари!

Колекцијата неодамна стана достапна на Nintendo Switch и PlayStation 4/5 и чини $29.99 USD.

Хорор игрите се наменети за еден играч, а достапни се на англиски, кинески, јапонски и корејски јазик.

На Steam, првата игра има 77% позитивни рецензии, а втората игра има 75% позитивни рецензии.

Индонезиска креативност

Во 2014-та година, DreadOut ги фрли PC гејмерите во светот на индонезиските духови и демони. Оригиналната игра е хорор игра која следи група средношколци кои за време на екскурзија наидуваат на заборавен град, полн со темни тајни. Користењето на локалната митологија за да се создаде застрашувачка атмосфера се покажа како успешна форма, принудувајќи ги фановите да посакуваат повеќе.

DreadOut: Keepers of the Dark излезе две години подоцна, во 2016-та година. Продолжетокот се одвива во истиот универзум, дозволувајќи ви уште еднаш да играте со Линда, и да ги користите нејзините уникатни моќи за гледање духови. И во двете игри, приказните се едноставни, но ефективни, градејќи тензична атмосфера полна со неочекувани пресврти.

Крвава дружба

Гемплејот е комбинација од истражување, решавање загатки и избегнување духови. Велиме избегнување затоа што нема многу во поглед на битки со духови, Имено, Линда е се само не добар борец – премногу е спора, а ја бакнува земјата по само неколку удари од духовите. Дел од тежината е поради трапавиот систем за борење, односно неспособност за задоволително избегнување или блокирање на нападите.

Ова е двојно вистинито за Keepers of the Dark – самостојната експанзија која првенствено се фокусира на битки со босови, а не на истражување. Најсветлата точка тука е тоа што некои босови се уништуваат преку неколку фази, каде е потребно да решавате еден вид етапни форми на загатки. Не е целосно лош систем, но, размазени од бројни други игри кои имаат многу подобра изведба, би можеле да се разочарате од едноставните механики кои ги има тука.

Надвор од битките, со девојката константно ќе го истражувате градот и ќе решавате предизвикувачки загатки. Пример за добра загатка е усогласување на снимката која формира слика во околината, откривајќи скриен клуч во претходно истражена област. И покрај ова, многу загатки се болно нејасни, принудувајќи не често да посетуваме YouТube и да користиме водичи.

За жал, нема некаква посебна сатисфакција со камерата – движењето и анимациите и понатаму делуваат неприродно, алудирајќи на мрзелив порт на PC играта. Некако се надевавме дека ќе се искористат потенцијалите на моќните PS5 контролери, но, по се изгледа, се работи само за пропуштена прилика за жироскопски контроли и пусто надевање.

Би можеле да помислите дека DreadOut Remastered Collection ја содржи првата и втората игра, но тоа апсолутно не е така. DreadOut 2 НЕ е дел од оваа колекција – втората игра е, всушност, самостојната експаназија за првата игра. Таа втора „игра“ е всушност една форма на арена – врати преку кои влегувате да се соочите со некој бос, имајќи во предвид дека битките се мелем само за најтврдокорните мазохисти.

Од друга страна, колекцијата се вика римастер, но не сме сигурни зошто, исто како што не сме сигурни зошто се вика колекција ако ја нема ни втората игра, која, патем, е излезена пред четири години. Графиката не остава впечаток дека е подобрена, особено во верзијата за Nintendo Switch. A, да бидат работите полошо, бројни багови кои беа препознатливи за PC верзијата, и понатаму се провлекуваат тука.

Поради сите овие работи, не сме сигурни колку би сакале да ви ја препорачаме колекцијата. Доколку ги имате играно насловите на PC, сметаме дека нема многу да добиете со играње на овие наслови на PS5 или NS. А, доколку никогаш не сте ги играле насловите, можеби не е лошо да почекате попуст, па тогаш да ги проверите.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Digital Happiness
  • ИздаваDigital Happiness
  • Жанр: хорор авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 16 јануари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk