Во време кога пристапот до капитал е еден од најголемите предизвици за стартапите, NEST Group, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (EBRD), ја најавува новата Investment Readiness Program – шестнеделна програма која ќе им помогне на 15 технолошки компании од Македонија да се подготват за пристап до инвеститори и раст на меѓународни пазари.

Програмата е дизајнирана да ги подготви претприемачите за сите чекори во процесот на финансирање — од градење на стратегија и изработка на инвестициска документација, до директен контакт со потенцијални инвеститори и фондови.
„Со оваа програма сакаме да им овозможиме на македонските компании да минат низ вистински инвестициски процес во 6 недели – да разберат во која фаза е нивниот бизнис, како да се претстават пред инвеститори и што значи да се биде подготвен за дју дилиџенс. Нашата цел е да создадеме нова генерација на компании подготвени за раст,“ изјави Игор Маџов, директор на инвестиции во NEST Group со.
Investment Readiness Program е дел од континуираната поддршка на EBRD која во изминатите години преку Star Venture Program, која преку менторство, експертски обуки и индивидуални консултации им помага на стартапите од регионот да станат поконкурентни и да привлечат надворешни инвестиции.
Шест недели на интензивна практична подготовка
Програмата ќе се спроведува од 15 октомври до 30 ноември 2025 година, опфаќајќи 6 тематски модули:
- Investment Clinic: индивидуални дијагностички сесии со ментори
- Go-to-Market & Sales: стратегија за пазар и продажба
- CFO Review: финансиски модели и инвестициски документи
- Valuation & Term Sheets: проценка на вредност и инвестициски договори
- Investor Outreach & PR: комуникација со инвеститори и медиумска видливост
- Pitch Roast & EXPO: завршен настап пред инвеститори
Секоја недела ќе започнува со онлајн мастер-класа секој понеделник во 16:00 часот, по што ќе следат индивидуални 1-на-1 сесии со експерти за да се применат знаењата во практична подготовка на документацијата.
Завршен настан во рамки на Startup Revolution Summit во Скопје
Кулминацијата на програмата ќе биде во рамки на регионалниот Startup Revolution Summit во Скопје, каде што учесниците ќе ги презентираат своите компании пред инвеститори и деловна публика на Pitch Roast настаот и учествуваат на стартап ЕХПО.
На настанот се очекува учество на инвеститори, компании и претприемачи од цел регион, со цел создавање реални можности за финансирање и партнерства. Учесниците ќе имаат и пристап до специјализирана matchmaking апликација за организирање состаноци со инвеститори.
За кого е наменета програмата
Програмата е наменета за технолошки компании во рана и растечка фаза, кои веќе имаат производ на пазар, први клиенти или приходи и сакаат да разберат кои извори на капитал одговараат за нивниот бизнис и да се подготват за разговор со ангел инвеститори или венчр капитал фондови.
Секој од 15-те избрани стартапи ќе добие индивидуална поддршка, пристап до алатки за финансиско моделирање, шаблони за инвестициска документација и мрежа на локални и меѓународни инвеститори.
Повеќе информации и формулар за пријавување на следниот линк







