Cattle Country: див запад на нов начин

Комбинирајќи елементи на симулација со каубојска авантура, Cattle Country нуди уникатно искуство. Развиена од Castle RO_ Games и поддржана од издавачот Toplitz Productions, играва има за цел да ви понуди да уживате во предизвиците и убавините на животот на границата. Дали ќе успеете во тоа? Во Cattle Country, вие ја преземате улогата на одлучен пионер кој патува кон запад во потрага по нов почеток. Сместена во планински предели, играта нуди можност да изградите сопствен дом, да се спротивставите на бандити, да откривате скриени заговори, да работите на фарма и да придонесете за растот на локалната заедница, истовремено градејќи пријателства со останатите жители.

Занаетчиски маки

Клучното искуство во Cattle Country се одликува во секојдневните активности потребни за опстанок и просперитет. Па така, потребно е да ги засукаат ракавите и вредно да ја обработувате земјата, да одгледувате стока и да градите на вашата земја. Од изгрејсонце до зајдисонце, активностите вклучуваат градење и изработка на најразлични предмети, како и значајна интеракција со останатите ликови.  

Покрај мирниот живот на фармата, Cattle Country нуди и значителна доза на авантура. Играта вклучува елементи како рударство, риболов и занаетчиство, но исто така и длабоко вкоренети мисии инспирирани од Дивиот Запад. Овие мисии ќе ве водат низ приказни за романса, опасни потери на стока, судири со бандити и грабежи. Постои и можност за откривање на скриени богатства во рудниците, наменети за оние кои се доволно храбри да истражуваат – од скапоцени метали и минерали до скривалишта на разбојници. Авантуристите ќе можат да следат и дивеч низ шумите, било за храна или едноставно за да уживаат во природните убавини.

Интеракцијата со жителите на градот исто така игра клучна улога. Запознавањето со локалното население, слушањето на нивните приказни и помагањето во неволја се суштински за интегрирање во заедницата. За оние кои бараат повеќе од пријателство, играта нуди можност за романтични врски со дури 18 различни ликови, давајќи ви шанса некои пријателства значително да раздлабочите. Сепак, не сите во Cattle Country се добронамерни. Порано или подоцна, ќе биде потребно да ги засукате ракавите и да го заштитите сопствениот.

Cattle Country се стреми да понуди баланс помеѓу спокојна симулација на живот и возбудлива акциона авантура. Со широк спектар на активности – од грижа за фарма и изработка на предмети, до истражување на рудници, лов и учество во драматични потраги – играта ветува часови забава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk