20 коментари 4 мин. читање 12 мај, 2022

Ако Coinbase банкротира, можно е корисниците да ги изгубат своите средства

Како падот на криптовалутите во изминативе денови – да бидеме фер, паралелно се одвива и пад на поголемите берзи – да не беше доволна главоболка за крипто-ентузијастите, сега и Coinbase, една од најголемите крипто-берзи во светот која има и свој дигитален новчаник, објави дека постои *екстремно* сценарио да не може да обезбеди заштита на средствата на корисниците во случај на банкрот, откако на 10-ти мај берзата објави дека приходот им е 27% понизок споредбено со претходната година.

Берзата објави загуба од 430 милиони долари во последните три месеци и намалување на бројот на активни месечни корисници за 19%. Сепак Coinbase е далеку од банкрот и ова е речиси незамисливо да се случи, вели Брајан Армстронг, основач и директор на Coinbase, но неговите зборови некако немаат преголем ефект – во текот на целиот ден берзата има технички проблеми и форсира одложени исплати откако корисниците во паника тргнаа да ги извадат своите криптовалути.

Сценариото кое ја посегна паниката е сценарио во случај ако берзата прогласи банкрот, дел од средствата кои ги чува може да бидат предмет на стечајна постапка, а ова ќе значи дека тие средства ќе бидат недостапни за нивните сопственици.

Bitcoin

Bitcoin

$62,903.89

BTC -0.32%

Ethereum

Ethereum

$1,671.00

ETH 0.65%

Binance Coin

Binance Coin

$601.93

BNB 1.15%

XRP

XRP

$1.17

XRP 2.38%

Cardano

Cardano

$0.17

ADA 3.19%

Solana

Solana

$66.50

SOL 1.40%

Dogecoin

Dogecoin

$0.09

DOGE 0.95%

Проблемот е што криптовалутите треба да бидат единствено и исклучиво поседувани од единствен сопственик, но во случајот на Coinbase берзата е централизирана берза, а не децентрализирана (DeFi) и кога корисникот креира профил на Coinbase се креира и дигитален новчаник. Меѓутоа крајна контрола на овој новчаник има Coinbase бидејќи единствениот приватен клуч со кој се овозможува пристап до дигиталниот новчаник, во овој случај, е во рацете на берзата. Тоа значи дека тие го имаат и конечното управување врз средствата. Во замена за ова, корисникот може лесно да креира профил и да користи традиционални лозинки, вели Fortune.

Основачот на берзата во серија твитови објасни што значи додавање на информациите во тримесечното известување за заработката. Промените во делот со ризиците се законска обврска на барање на Комисијата за хартии од вредност. Барањето SAB 121 се однесува на сите јавни компании кои чуваат крипто валути за трети страни.

Правната заштита на средствата сè уште не е „тестирана“ во судовите. Така останува можност судот да нареди замрзнување на сите или барем на дел од средствата кои се во владение на берзата ако процени дека се дел од компанијата.

Покрај проблемите на берзата последните три месеци, Coinbase сепак чува 256 милијарди USD долари во крипто и фиат валути. Обемот на средствата кои се тргуваат е паднат од 547 милијарди на 309 милијарди долари во првото тримесечје оваа година. Coinbase предупреди дека волуменот на тргување веројатно ќе се намали и во ова тримесечје.

Како последица на лошите резултати акциите на Coinbase последните три месеци се паднати 75%.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

Zasto vakvi pesimisticki novosti?
Zarem malku ni bese ovaa burna nedela na site nas?

одговори 8 лајкови

Панка не се секирај... И за Банките цело време викаат балони дуваат па ете ги цело време со по весели новини за Нив секој квартал... Или ќе не биде сите или никој нема да биде... Верувај пошто до толку глобално село што кога Трпана иде на кафе веќе цело село знае...

Sent using Tapatalk

одговори Лајк

@Глупав

Споредуваш банки кои се регулирани, имаат задолжителни стапки на ликвидност, проценка на ризик, впишани заложни права на недвижности со сајт за крипто?

Ок.

одговори 1 реакција

@Глупав

Споредуваш банки кои се регулирани, имаат задолжителни стапки на ликвидност, проценка на ризик, впишани заложни права на недвижности со сајт за крипто?

Ок.

Ма он го само теше Панката.

одговори 1 реакција

Панката е сериозен и ќе ме разбере со две реченици

одговори Лајк

И Крипци беше едно време, па го нема више. Кој имаше среќа да извлече, имаше, а некој како мене му пропаднаа :)

одговори Лајк

И One Coin ќе донесеше многу у маало ако следеа што се случува таму...

одговори Лајк

Крипто не се чува на exchange страни како Binance, Coinbase, Hotbit (еднаш ја хакнаа) и други...

Паметни луѓе си ги чуваат на hardware wallet, поготово големи суми.

одговори Лајк

Или пак што викаат Амери... "You don't put all your eggs into one basket..."

Sent using Tapatalk

одговори 2 лајкови

Или пак што викаат Амери... "You don't put all your eggs into one basket..."

Sent using Tapatalk

Секако тоа, поготово кога се работи за некоја валута како што читам сега луѓе сите заштеди ги ставале во Luna само. :confused:

одговори 2 лајкови

Секако тоа, поготово кога се работи за некоја валута како што читам сега луѓе сите заштеди ги ставале во Luna само. :confused:

или пак муабетот... ќе земам нешто вредно па ако твитне оној ќе можам да го продадам повеќе... се надевам ќе твитне за ден или два...

одговори Лајк

@Глупав

Споредуваш банки кои се регулирани, имаат задолжителни стапки на ликвидност, проценка на ризик, впишани заложни права на недвижности со сајт за крипто?

Ок.

Шта речи...
Screenshot_872.png

одговори Лајк

да не се расправаме непотребно... секоја работа во овој Свет измислена и кое функционира долго време си има намена и примена....
Сега ако споредуваме Еуростандард со Халк нормално дека ќе иам теми на разговор...
Ако споредуваме банка со Крипто нормално дека ќе има теми на разговор...
ако кажуваме за економија тогаш дека секако ќе има прилично многу искуства за споделување иако некои
ќе елаборираат и тоа ќе го поткрепат со факти и научни знаења додека други а заедно сите ќе кажуваат од лични искуства

Темата за Крипто според мене е секако тука и да остане,
исто како и Банките (Кои на еден документарец ги кажаа како способни да се справат со најголеми армии)

сепак доколку се говори за Coinbase тоа е нешто што треба да размислуваат тие што инвестирале таму и само таму...

одговори Лајк

Шта речи...
Погледнете го атачментот 113208

Не знам, ти кажи пошто си линкал коментар од сосема друг член.

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
20 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top