Suntime ви кажува кога изгрева и заоѓа сонцето

во Вести

Велат дека гледање изгрејсонце ве полни со позитивна и исцелителна енергија. Токму поради тоа, често се препорачува медитација и одредени вежби за време на изгрејсонцето. Слично на ова, зајдисонцето допринесува до хармонична рефлексија на изминатиот ден и подобра подготвеност за наредниот.

Suntime е веб сајт со едноставен изглед и уште поедноставна намена. По посетувањето, одредувате локација и започнувате да го следите сонцето за време на денот преку скромни визуализации за тоа уште колку дневна светлина имате на располагање, како би можеле соодветно да се подготвите за магичниот момент.

Suntime, меѓутоа, функционира и како апликација, но за да ја „инсталирате“, потребно е преку iphone, па преку прелистувачот Safari да ја изберете опцијата Add to Homescreen. Слично на ова, доколку користите Android, изберете ја опцијата Install from Chrome, по посетување на сајтот.

Namaste!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments