Анселм Пајта и Бенедикт Хамел зборуваат за предизвиците и инспирацијата зад Lucky Tower Ultimate

Lucky Tower Ultimate e феноменална игра, до тој степен да во моментот кога ја заигравме инстантно побрзавме да ви ја препорачаме како феноменален викенд предлог. Во нашиот текст се изјаснивме дека: „Lucky Tower Ultimate е пример за игра од раниот пристап на Steam која е полна со интересни содржини и одлично се игра уште од првиот ден, нудејќи 4 сопатници, 10 различни видови на непријатели, 40 замки и над 150 предмети. И покрај ова, авторите ветуваат уште многу пријатни изненадувања како нови области, нови сопатници и квестови.“

Анселм Пајта

Анселм Пајта и Бенедикт Хамел се дизајнери на Lucky Tower Ultimate. Дополнително, Ансел работи и како уметник, а Бенедикт и како аниматор. Имавме среќа да седнеме со дрим тимот од Studio Seufz и да поразговараме за нивните инспирации и предизвици поврзани со играта.

Бенедикт Хамел

Lucky Tower 1 е игра од 2010-та година. За создавање на играта, тимот бил инспириран од стриповите на Мидам – Belgian Kid Paddle. „Овие стрипови прикажуваа апсурдни, непредвидливи и, на моменти, смотани ситуации во видео игрите, при што помисливме дека би било интересна идеја да имплементираме слични ситуации и во видео игра.“, објаснуваат од Studio Seufz и додаваат дека други инспирации им биле: Spelunky, Ghouls ’n Ghosts, the Ultima series, и Arx Fatalis.

„Што се однесува до изгледот на ликовите, очигледна референца се Симпсонови, а дополнително има влијанија од илустрирани книги, како што е серијата Мумин од Тове Јансон или делата на Томи Унгерер, и двете имаат сличен стил на вкрстување.“

Неколку композитори работеле на саундтракот. Музичката подлога е обид да се создаде микс од класични, поедноставени мелодии за видео игри во игри како Ultima VI, разиграни тонови и lo-fi разиграност како во музиката на Dungeon Synth.

BitSummit настанот во Кјото

ИТ.мк: Можете ли да ни кажете нешто повеќе за креативниот процес кој е потребен за да се создаде уникатен roguelike, особено кога станува збор за потенцијалот поврзан со сите случајни можности?

„Се обидуваме да произлеземе со еден вид градежни блокови кои овозможуваат експериментирање преку различни стратегии. Ниту еден од елементите на играта – предмети, стапици, механики – не треба да стојат самостојно, тие секогаш треба да бидат споени и да нудат забава од заедничка интеракција. Успеавме да ја максимизираме можноста за комбинации помеѓу елементите и самите бевме изненадени какви се ситуации понуди нашиот алгоритам за рандомизација на нивоа.

Од студиото ни објаснуваат дека секоја нова идеја поминува низ голем број дискусии. Експериментирањето и бројните тестирање и повторувања се мајка на успехот. Во LTU завршува нешто само доколку сите од тимот се задоволни со тоа!

Честопати, последната карактеристика добива различен и напреден облик од првичната идеја. Ова е отворен и возбудлив процес кој секогаш нè остава импресиобнирани од извонредниот исход.

Со секој елемент што го дизајнираме, првенствено се фокусираме на хуморот. Сакаме нешто да е смешно, дури и ако изборот на дизајнот ја прави функцијата понатрупана или незгодна; сè додека таквото нешто резултира со смешен исход, секогаш ќе одиме со таа опција!“

Lucky Tower Ultimate е првата игра на Studio Seufz која е направена од голем тим. Тоа, објаснуваат Анселм и Бенедикт, значело дека морале да се прилагодат на целосно нов начин на комуникација. Тие се присетуваат на моментот дека се додека не излегла играта The Longing, тимот се состоел само од основачите – Стефан Мичел, Анселм Пајта, и Бенедикт Хамел. За LTU, основачите ги отвориле портите на значително поголем талент, нешто што го сметаат како благослов, но и предизвик во дополнително планирање и комуникација. Според нив, правилната комуникација била од клучна важност и ниеден тим не треба да биде наивен и да не се правилно подготви за ова.

Стефан Мичел, Анселм Пајта, и Бенедикт Хамел

„Порано, секогаш работевме на игри кои имаат повеќе или помалку линеарно поставување. Ова е нашиот прв roguelike и сигурно не го очекувавме нивото на сложеност што доаѓа со правењето таква игра. Со секој нов градежен блок што го додававме во множеството од елементи од рандомизирано ниво, доаѓаа и неочекувано апсурдни и забавни моменти што не ги планиравме… но и многу нови проблеми и грешки што, исто така, не ги очекувавме. Не можевме да ја предвидиме одговорноста (да, тоа е единствениот збор за тоа) што доаѓаше заедно со секој мал чекор што ја направи играта покомплексна.“

Претставниците од тимот се присетуваат и на тоа дека имало многу елементи во LTU што сакале да ги вметнат, како, на пример, магнети. Овие магнети сакале да ги искористат за најразлични загатки и замки.

„Ако носите железен оклоп, ќе треба да се соблечете за да поминете покрај магнет. Но, во исто време, можете да активирате такви магнети за да ги убивате непријателите што носат оклоп. Друга механика што сакавме да го имаме во играта, бидејќи тоа беше можно во Lucky Tower 1, беше можноста да се трансформирате во жаба или полжав за да може да користите кратенки преку канализација и дупки за стаорци. Како што можете да замислите, и двете механики се доста амбициозни, па моравме да ги изоставиме засега.

Тоа што имало многу предизвици никако не значи дека немале и бројни омилени моменти поврзани за играта. Бенедикт пријатно се присетува на моментите кога наишол на hammerguy, истиот тим за кој и ние пишувавме во нашиот текст. Се работи за непријател кој врескајќи излегува од ѕид и ве брка со џиновски чекан. Доколку не сте брзи, инстантно умирате од него, принудувајќи ве да отпочнете ново преигрување.

„Додека бегав, сфатив дека немам што многу да направам во оваа соба, бидејќи немаше кори од банана или дупки на подот што би можеле да го спречат. Јас, од друга страна, бев премногу далеку во собата за да трчам до влезот. Додека да се освестам, ме закачи кука – друга стапица што вообичаено те убива… освен ако имаш оклоп. Јас, за среќа, имав оклоп и оваа кука ме крена од земја, со што ми овозможи да го избегнам Hammerguy. Потоа, само се спуштив и си го вратив оклопот. Тоа беше толку убав момент затоа што и самиот не знаев дека вака може да се надмине овој предизвик – многу пријатно изненадување!“

Како што напоменавме, Lucky Tower Ultimate е дел од раниот пристап на Steam. Студиото се има решено за овој чекор затоа што се работи за процедурална игра и, според нив, за игри како нивната многу е важно да се добијат што е можно повеќе повратни информации.

„Дали недостасуваат стапици или непријатели? На која содржина треба да се фокусираме следно? Ова се работи за кои програмерот може само да претпоставува пред да ја објави играта во јавноста, така што раниот пристап може да биде навистина корисен во тој поглед.“

Во поглед на корисни совети, тимот објаснува дека доколку планирате да запливате во водите на гејмерската индустрија, секогаш се исплати да се имплементираат корисни дизајнерски одлуки, иако се чини дека таквото нешто бара многу посвета и енергија. „Ако нешто навистина сакате да го направите, тогаш не се колебајте и не ги слушајте рационалните инстинкти. Со тек на времето, таквото нешто ќе излезе дека е многу подобро. Многу е подобро да завршите во хаотично забавна ситуација отколу да се давите во мирна (и здодевна) просечност. Неверојатно е што се можете да научите ако само се осмелите да излезете од вашата комфорт зона.

Не знаеме за вас, но последниот совет се чини како одличен за се во животот.

За крај на нашето интервју, ги прашавме авторите дали би сакале нешто да зсподелат за нивната игра, тимот или некој што им пружил поддршка. Не го очекувавме нивниот одговор затоа што се што кажаа на таа тема беше:

„Па, да, секако, Др. Локенголд!“

Кој? Што? Зошто? Дали и ова ќе остане една од вечните мистерии? Можеби не толку долго доколку решите да и пружите шанса на Lucky Tower Ultimate!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Studio Seufz
  • Издава: AMC Games
  • Жанр: акциона авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 13 септември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk