Cloudflare Radar 2024 Year in Review за Македонија

во ИТ.МК

Cloudflare Radar 2024 Year in Review е годишен извештај што ја користи глобалната мрежа на Cloudflare за да ги анализира и презентира клучните трендови на Интернет, нудејќи единствена перспектива за тоа како се развива дигиталниот свет. Прегледот овозможува увид во растот на сообраќајот, безбедноста и прифаќањето на нови технологии. Истовремено извештајот ги покажува и регионалните навики, на пример популарните услуги и брзината на мрежата. Она што е поинтересно е дека „Cloudflare Radar 2024 Year in Review“ има детална анализа на интернет трендовите и моделите на користење и за Македонија.

Оваа година има интересни податоци. Од раст од 8,4% во вкупниот интернет сообраќај до напредокот во пост-квантното шифрирање и усвојувањето на HTTP/3. Извештајот ја нагласува и брзата технолошка еволуција и еластичноста на дигиталната инфраструктура.

Овогодинешните наоди откриваат и  други промени. На пример порастот на користењето на SpaceX Starlink и доминацијата на мобилните уреди, кои сочинуваат речиси половина од целиот сообраќај. Еве ги клучните податоци за поврзувањето, безбедноста и најпопуларните онлајн услуги кои го обликуваат искуството на Интернет во Македонија во 2024 година.

Раст на интернет сообраќајот

Во 2024 година е забележан раст од 8,4 отсто на максимумот на интернет сообраќајот во Македонија.

Најпопуларни интернет сервиси

Најголем дел од најпосетуваните сервиси од Македонија не се никакво изненадување. На прво место е Google, а зад него е најпопуларната друштвена мрежа на младите TikTok, веднаш зад нив е најпопуларната друштвена мрежа на возрасните – Facebook. Листата Топ10 ја затвараат Apple, Instagram, iCloud, YouTube, Snapchat, Amazon и AWS.

Раст на SpaceX Starlink и во Македонија

Можеби мало изненадување за Македонија е растот на SpaceX Starlink. Во Македонија сателитскиот интернет на Starlink забележа раст од 1,6 пати.

Дистрибуција на iPv4

Податоците на Cloudflare овозможуваат да ѕирнеме и како изгледа IPv4 дистрибуцијата на интернет сообраќајот. На сликата секоја ќелија претставува 4096 iPv4 адреси,

Post-Quantum криптирање

Во 2024 Cloudflare забележал значителен раст на post-quantum криптирањето во Македонија. Променета е скоковита со значителен скок од 17 април, што соодветствува на имплементацијата во Google Chrome.

iOS и Android

Што се однесува до споредбата помеѓу iOS и Android уреди, мало изненадување има и во овој дел. Најголем дел од уредите (76,7%) се Android, но 23,3 отсто за iOS е голема бројка.

Кои верзии на HTTP се користат

Најновата верзија на HTTP е завршена во 2023 година, и протоколот има низа предности во однос на постарите верзии. Во Македонија 34,8 отсто отпаѓа на HTTP/3; 45,4 отсто на HTTP/2 и 19,7 отсто на HTTP/1.x.

Пребарувачи

Во Македонија кога пребарувачите се во прашање има монопол. Огромен дел, 97,2% од корисниците користат Google, на второ место е Bing со 1,8%. Останатите пребарувачи се под 1 отсто. Ситуацијата е слична за сите платформи, без разлика дали е Android, iOS, десктоп, мобилен или MacOS.

Прелистувачи

Состојбата е слична и со прелистувачите, иако не е олку изразена. На Chrome отпаѓа 72,3%, на Safari 10,6%, а на Firefox 5,1 отсто.

Прекини на Интернет

Во 2024 година Cloudflare не забележал поголем прекин на интернет сообраќајот во Македонија.

IPv6 прифаќање

Кога во прашање е замената на IPv4 со IPv6, ова барем засега не е поместено. Само 0,5 отсто од сообраќајот е преку iPv6.

Интернет квалитет и брзина

Просечната брзина и квалитетот на интернет во Македонија воопшто не се лошо. Во просек брзината на преземање е 74Мbps. Доцнењето или латенцијата е 35ms.

Мобилни или десктоп

Иако најголем дел од корисниците поседуваат паметен телефон, интернет корисниците и сега се покомфорни пред десктоп. Ова не е премногу изразено, па поделбата е некаде на половина.

TCP врска аномалии

Во секција која Cloudflare ja нарекува TCP Connection Anomalies споделија дека 17,5 отсто од TCP врските се прекинуваат поради reset или timeout во првите 10 пакети.

Митигација на сообраќај

Митигација на сообраќај значи дека клиентите (корисниците на услугите на Cloudflare) можат да одлучат да блокираат или ограничат одреден интернет сообраќај. Ова може да се направи од различни причини, на пример за одржување на стабилноста на веб-страницата или спречување преоптоварување, дури и кога тој сообраќај не се смета за штетен. Во Македонија на митигација отпаѓа 6,2 од целиот сообраќај.

Сообраќај од бот

Од севкупниот интернет бот сообраќај 0,01% отпаѓа на Македонија. Иако може да биде малициозен сообраќај ова не е случај секој пат.

Најнапаѓани индустрии

Во 2024 најнапаѓана индустрија била автомобилската и индустријата за возила. Cloudflare има детален преглед по периоди, ова може да го прегледате на нивната страница.

Безбедноста на рутирањето

Еден важен чекор кон подобрување на безбедноста на рутирањето на Интернет е усвојувањето на Инфраструктурата на јавен клуч на ресурси (RPKI). Глобално оваа бројка во светот пораснала за 49,8 отсто. Во Македонија скокот е симболичен изнесува 0,1%.

За повеќе детали посетете ја страницата на Cloudflare посветена на Year in Review.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk