Ario е акциона – авантура со Metroidvania примеси

Ario е игра која влече силна инспирација од Prince of Persia игрите. Таквото нешто е јасно и од приказна и од локациите и од механиките кои се имплементирани. Но, уште на самиот почеток лесно можете да се здобиете со впечаток дека ова е сиромашна верзија на Prince of Persia серијалот. Приказната е неверодостојна, дизајнот на мапите остава многу работи да се посакуваат, анимациите се крути, а механиките недоволно добро разработени.

Песочни маки

Како 2.5D акциона-авантура, ваша задача ќе биде да ја спасите вашата мајка и да ставите крај на мрачните сили кои се закануваат на вашето кралство. За таа цел, потребно е многу трчање, лизгање, тркалање, одење по ѕидови, скокање, качување и слично. Тука-и-таму, ќе пробате и да се прикрадувате, да користите повеќе наменски самострел, па дури и да се соочувате со најразлични предизвикувачки босови.

Имате интегрирано и tower defense механика каде користите балиста. Во таквите моменти, времето се успорува и можете полесно да нишаните во бројните непријатели. Нема што нема во Ario – проблемот е во тоа што играта сака да биде од сѐ по нешто, но не успева баш во тоа. Како резултат, оставени сте со 12 сосема просечни нивоа кои, за жал, ќе ги заборавите набргу по завршување на целата игра.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Vata Games
  • Издава: Artax Games
  • Жанр: акциона авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 1 април 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments