Веб Ценовник – бесплатен плагин од Zemi.mk за лесно управување со цени во WordPress

во ИТ.МК

Неодамна македонскиот хостинг провајдер Zemi.mk претстави нов плагин. Веб Ценовник (Veb Cenovnik е бесплатен WordPress плагин кој треба да го олесни уредувањето и менаџирањето со ценовници и производи на веб-страниците. Веб Ценовник е стандардизирано решение за објавување цени на WordPress веб-страници, со фокус на практичност, сигурност и усогласеност со локалните регулативи. Решението е дизајнирано да одговори на потребите на трговците и компаниите, кои од неодамна и законски се обврзани да објавуваат транспарентни цени.

„Го креиравме плагинот за да им помогнеме на нашите клиенти полесно да се усогласат со новата законска регулатива.“, вели Столе Китановиќ, кој на посетителите на форумот на it.mk им е познат како Dinamik.

Плагинот нуди неколку основни функционалности. Една од нив е можноста за управување со повеќе ценовници или продажни објекти од една платформа. Истовремено обезбедена е опција за брзо импортирање на производи преку CSV фајл, со можност за прилагодување на полињата. По инсталацијата и активирањето на плагинот, автоматски се креира нова веб-страница „Цени“. Страницата содржи уреден, табеларен преглед на производите и нивните цени. За корисниците е овозможено пребарување, сортирање и категоризирање на производите во рамките на ценовникот.

Веб Ценовник e независно и крајно едноставно решение за креирање на веб ценовници. Засега нема интеграција со плагините за продавници како WooCommerce, но доколку има интерес ова би можело да се промени во иднина.

„Доколку постои интерес може да се надгради да ги вклучува и продуктите од WooCommerce.“, додава Китановиќ.

Веб Ценовник е компатибилен со сите WordPress хостинг пакети на Zemi.mk, вклучувајќи ги Solo, Business и Premium Unlimited пакетите, без потреба од специфично конфигурирање. За корисниците кои немаат инсталирано WordPress, Zemi.mk ја нуди и оваа можност. Секако, доколку веќе имате постоечки веб-сајт може да го инсталирате плагинот таму.

За корисниците кои инсталирале барем еден WordPress плагин, процесот на инсталација на Веб Ценовник ќе биде супер едноставен. Сѐ што треба да направите по преземањето на додатокот од линкот, е да се логирате во административниот панел на WordPress, во секцијата за плагини да одберете опцијата за прикачување, и да го изберете преземениот .zip фајл. По инсталацијата треба уште да го активирате додатокот. По активацијата, во менито се појавува опцијата „Ценовници“, и автоматски се креира и страницата „Цени“ со табела.

Овој додаток е наменет првенствено за трговци на мало како физички продавници, маркети, бутици, аптеки и други, како и за мали и средни бизниси кои продаваат производи и имаат законска обврска за јавно објавување на ценовници. Може да го користат и поголемите трговци кои бараат поедноставен начин за управување со повеќе продажни објекти и ценовници.

Zemi.mk најавува редовни надградби и обезбедува техничка поддршка за сите корисници на Веб Ценовник. Повеќе детали и преземање на плагинот се достапни на страницата на Zemi.mk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk