0 коментари 1 мин. читање 31 мај, 2022

Побрзо читање со Jiffy Reader

Дали знаевте дека кога при читањето селективно се привлекува вашето внимание на одредени делови од реченицата, ние тежнееме да создаваме празнина која нашата психологија е програмирана да ја пополни? Ние не знаевме, но пријатно се изненадивме од разликата кога пробавме да ги прочитаме следните два текста.

При автоматско здебелување на одредени букви во зборови се прави споменатата селекција и читањето станува значително побрзо и подинамично.

Навистина функционира, а најдоброто од сè е што процедурата е автоматизирана и се испорачува преку екстензијата Jiffy Reader.

Откако ќе ја инсталирате екстензијата, истата ќе биде вдомена во прелистувачот и лесно ќе можете да ја активирате услугата за да започнете малку поразлично читање на текстовите кои ги наоѓате на вашите често посетувани страни.

Пријатно и побрзо читање!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top