Втор ден по ред вестите за неверојатната кинеска вештачка интелигенција DeepSeek ги полнат насловите. ChatGPT мораше да и го препушти првото место на AppStore за најпопуларна бесплатна апликација.
Новиот модел не само што го симна од „тронот“ ChatGPT туку се заканува и на приматот на американската технолошка доминација. Поголемата оптимизација и можноста да работи на послаб хардвер придонесоа за намалување на ентузијазмот на берзите за акциите на компаниите како Nvidia. За само еден ден акциите на Nvidia паднаа за 16 отсто, а компанијата загуби 600 милијарди долари од својата вредност.
Инвеститорот Марк Андерсен го нарече моделот – „Спутник на вештачката интелигенција“, алудирајќи на изненадувањето кое Русија го направи кога прва го лансираше сателитот во орбита, пишува Financial Times.
Иако Nvidia е најголема „жртва“ на штедливоста на DeepSeek, остатокот од технолошкиот сектор е зафатен. Индексот кој главно ја следи вредноста на технолошките компании Nasdaq падна за 2,3 отсто, пренесе CNN.
Ниту европските компании не поминаа подобро. Акциите на производителот на чипови ASML паднаа 7,5 отсто, а акциите на холандската компанија ASM International паднаа 12,5 отсто. Дури и акциите на Microsoft кој е партнер на OpenAI паднаа 3,6 отсто.
Намалувањето на потребната инфраструктура потребна за вештачка интелигенција влијаеше и на другите сектори. За 20 отсто паднаа акциите на Siemens Energy кои произведува електрична опрема за вештачка интелигенција, за 9,5 отсто паднаа акциите на француската компанија Schneider Electric.
По малициозни напади, DeepSeek привремено ги ограничува регистрациите
Речиси истовремено со здобивање на приматот „најпопуларна бесплатна апликација во App Store“, DeepSeek стана цел на масовни малициозни напади. Компанијата објави дека е принудена привремено да ги ограничи регистрациите на нови корисници, додека постоечките корисници ќе можат да продолжат да ги користат услугите непречено.
Кинескиот стартап, минатата недела го лансираше моделот R1, и веднаш привлече огромно внимание во технолошката заедница. Дел од причините секако се оптимизацијата и ниските трошоци за развој, но и поради отворениот код. Секој развивач на вештачка интелигенција може да го користи и надгради, што дополнително може да го зголеми неговото влијание на пазарот.
Иако R1 моделот прекуноќ стана симбол на технолошкиот напредок на Кина, нападите ја покажуваат и ранливоста на платформата. Нападите дојдоа во време кога интересот за DeepSeek барем накратко ги потисна ChatGPT, Google Gemini и другите водечки алатки.
Во обид да ги контролира штетите, DeepSeek воведе привремени ограничувања, а оваа мерка сигурно ќе го зголеми интересот на медиумите. Според аналитичарите, компанијата е пример за тоа како стартапите можат да постигнат глобално влијание дури и во услови на ограничувања, како што се санкциите за извоз на чипови од САД кон Кина.
Тренирањето на моделот R1 на DeepSeek, наводно чини само 5,6 милиони долари за обука – помалку од 10% од трошоците за модели како Llama на Meta.
Појавувањето на DeepSeek и ниската цена за тренинг, отвори и уште една поинтересна дебата – за тоа дали пазарот на вештачка интелигенција е балон од сапуница кој ќе пукне.








Уште не сте свесни што ќе следи од ГОлемиот змеј…доста е од доминацијата на сатанизмот,масонеријата и сите ујдурми кои се предизивкувани од нив..некој е попаметен и посилен..не сака да витка лесно кичма…новиот поредок се раѓа!