На 27 февруари, Европската централна банка (ЕЦБ) се соочи со сериозен технички колапс на својот систем за плаќања. Овој колапс предизвика доцнење на платите и социјалните надоместоци за илјадници луѓе. За среќа, проблемот беше решен во рок од 10 часа. Доколку колапсот траеше подолго, или беше само ден подоцна, последиците можеа да бидат катастрофални и ќе беа зафатени милиони луѓе и бизниси низ еврозоната. Сега имаме и повеќе информации за грешката.
Причини за проблемот
Проблемот започнал во четвртокот во 8 наутро. Тогаш паднал системот на ЕЦБ за порамнување на финансиски трансакции, Target 2 Securities (T2S). Потоа паднала и мрежата Target 2 (T2). Оваа мрежа се користи за големи плаќања меѓу централните и комерцијалните банки.
Дел од проблемот бил и погрешната дијагноза на грешката. На почетокот, техничарите погрешно дијагностицираа дека проблемот е во заедничката база на податоци на системите. Ова го отежна префрлањето на резервна верзија. Беа потребни неколку часа, но на крај открија дека вистинската причина за проблемот е неисправна хардверска компонента.
Системот имал има повеќе бекапи, но ниту еден не се активираал автоматски. Поради ова дошло до доцно префрлање на трансакциите на резервната верзија. Вработените во централните банки низ еврозоната работеле цела ноќ. Го отстраниле дефектот и ги поминале задоцнетите трансакции навреме за денот на исплата.
Зафатените системи, Target 2 (T2) и Target 2 Securities (T2S), се клучни компоненти на инфраструктурата за плаќања во еврозоната. Target 2 е платформа за бруто порамнување во реално време. Ова значи дека се користи за порамнување на големи, итни плаќања меѓу централните банки и комерцијалните банки во еврозоната. Target 2 е важен за спроведување на монетарната политика на ЕЦБ. Преку него се вршат трансакциите поврзани со операциите на отворен пазар. Системот се користи и за порамнување на меѓубанкарски плаќања, што се однесува на големи трансфери на пари помеѓу банките. Накусо, овој систем се користи за големи трансфери на пари.
Target 2 Securities е платформа за порамнување на трансакции со хартии од вредност. Се користи за порамнување на купување и продавање на акции, обврзници и други финансиски инструменти. Target 2 Securities овозможува централизирано порамнување на трансакции со хартии од вредност во еврозоната. Ова треба да ја зголеми ефикасноста и безбедноста на пазарите на капитал.
Накратко, Target 2 се користи за трансфер на пари, а Target 2 Securities за трансфер на хартии од вредност. Двата системи се од витално значење за функционирањето на финансискиот систем во еврозоната.

Почетна погрешна дијагноза и проблеми со базата на податоци
Веднаш по падот на системите T2S и T2, првичната претпоставка на техничарите била дека проблемот е во заедничката база на податоци што ја користат овие системи. Оваа база на податоци е клучна за функционирањето на системот за плаќања, бидејќи ги содржи сите информации за трансакциите. Погрешната дијагноза доведе до тоа фокусот да биде ставен на анализа на базата на податоци, наместо на проверка на хардверот. Ова одзеде драгоцено време и го одложи откривањето на вистинската причина за проблемот.
Проблем со базата на податоци, би значело дека тој би се пренел и на резервната копија. Автоматското префрлање на резервната копија, немаше да го реши проблемот.
Неисправна хардверска компонента
По неколку часа интензивна анализа, ЕЦБ откри дека вистинската причина за колапсот е неисправна хардверска компонента. Оваа компонента се наоѓа во еден од четирите сервери што го поддржуваат системот за плаќања. ЕЦБ не објави точни детали за тоа која хардверска компонента била неисправна, но се претпоставува дека станува збор за критичен дел од инфраструктурата, како што е процесор, меморија или мрежна картичка. Иако системот имаше резервни копии на хардверот, тие не се активираа автоматски. ЕЦБ сè уште ја анализира причината за оваа грешка.
Откако открија дека грешката е во хардверот, техничарите започнаа да ги префрлаат сите трансакции на бекапот. Операцијата траеше неколку часа. По префрлањето на резервната копија, вработените во централните банки работеа цела ноќ за да ги расчистат заостанатите трансакции. Ова беше важно за да се обезбеди дека платите и социјалните надоместоци ќе бидат исплатени навреме.
Дел од трансакциите не поминале навреме, па илјадници луѓе во Австрија и Грција не ги добиле своите плати, пензии и социјални надоместоци навреме.
Потенцијални последици
Доколку колапсот траеше подолго, особено до петок, последиците можеа да бидат сериозни. Петок е ден за исплата на плати за многу вработени во јавниот сектор, пензионери и приматели на социјална помош. Милиони луѓе можеа да останат без своите примања. Ова ќе предизвикаше сериозни финансиски проблеми. Банките ќе се соочеа со проблеми при обработката на плаќањата. Ова можеше да доведе до недоверба во системот. Брокерите на берза ќе имаа проблеми со тргувањето. Тоа ќе доведеше до загуби и правни проблеми. Долготраен колапс можеше да предизвика нестабилност на финансиските пазари во еврозоната, пишува Reuters. Иако ЕЦБ го реши проблемот, овој инцидент покажа колку е ранлив финансискиот систем на еврозоната. Можеби поважно грешката покажа колку е важно да се имаат сигурни резервни системи.







