Топ 3 гејминг предлози: Resident Evil Requiem, Edgar Allan Poe’s Interactive Horror: 1995 Edition, Monsters and Me

Resident Evil Requiem – Кошмар за живите, реквием за мртвите

Како најновото поглавје во култниот хорор серијал, Resident Evil Requiem нуди мрачно враќање кон корените и впечатлива модерна акција. Од позитивните рецензии што ги прочитавме повеќе од јасно е дека ова е наслов кој успешно го премостува јазот помеѓу носталгијата и современите гејминг стандарди, нудејќи, притоа, емотивна, застрашувачка и, пред се, незаборавна приказна.

Враќање во сенките на минатото

Приказната се одвива помеѓу два главни лика чии судбини се испреплетуваат во една морничава мистерија, со заплет кој потсетува на мрачното наследство поврзано со Umbrella и трагичните настани во Ракун Сити. Од една страна ја имате Грејс Ешкрофт, интровертна аналитичарка на ФБИ која трага по вистината зад мистериозната смрт на нејзината мајка во напуштен хотел. Од друга страна ќе заиграте со легендарниот агент Леон С. Кенеди и ќе истражувате нова низа сомнителни смртни случаи.

Сегментите со Грејс се фокусираат на класичен survival хорор каде менаџирате со ресурсите и максимално се фокусирате на прикрадување, решавање сложени загатки и тактичко ги избегнувате супериорните непријателите. Наспроти неа, мисиите на Леон се коктел од динамична акција, користење широк арсенал на оружје и напреден систем на борба. Интересно е тоа што играта ви дозволува слободно да скокате помеѓу перспектива од прво и трето лице во реално време. 

Покрај уникатните и крајно забавни механики, особено е пофален дизајнот на околината, особено готската архитектура на напуштените објекти и распаднатите ходници, при што се создава константна атмосфера на неизвесност. Феноменално се изведени и лицата на ликовите кои ултра реалистично реагираат на околината и моментната ситуација во која се наоѓаат. 

За многумина, Resident Evil Requiem е вистински погодок – извонредно остварување кое успешно ги спојува најдобрите елементи од историјата на серијалот во едно кохезивно, адреналинско искуство. Двојната перспектива, психолошкиот хорор и чистата акција нудат нешто сосема свежо, а сепак топло и препознатливо, нешто што сигурно ќе биде особено ценето од долгогодишните обожаватели. Доколку успееме да обезбедиме подлабоко да навлеземе во играта, дефинитивно ќе ги споделиме нашите впечатоци со вас. 

Edgar Allan Poe’s Interactive Horror: 1995 Edition: Нов живот на класичната авантура

Edgar Allan Poe’s Interactive Horror: 1995 Edition e класична point-and-click авантура од едно далечно време. Се работи за квалитетна игра од деведедесетите години на минатиот век. Бидејќи фокусот е ставен на истражувањето и интеракцијата со околината, ќе се движите низ надреалистични, претходно-рендерирани средини, ќе кликнувате на најразлични елементи само за да откриете детали од приказната или да активирате одредени секвенци.

Иако играта изобилува со најразлични загатки, истите не се премногу тешки и решенијата се засновани на контекстуални показатели. Најзначајната механичка иновација е поврзана со системот на, таканаречената, двојна перспектива. Благодарарение на ова, се бара од вас да ги одиграте сценаријата од две драстично различни гледишта: еднаш како жртвата, а потоа и како убиецот. На овој начин, се создава една целосна слика поврзана со трагедијата, нешто што е прекрасно реализирано, и покрај тоа што се работи за исклучително стара игра.

Што се однесува до приказната, таа е испреплетена околу три најпознати дела на Едгар Алан По. Од една страна ја имате The Tell-Tale Heart, па The Cask of Amontillado и, на крај, Brenice. Овие класични приказни, изненадувачки, не се презентирани изолирано, туку се поврзани преку оригинална рамковна приказна што го води играчот низ различните сегменти. Доколку сте читале дела на Е. А. По, тогаш знаете дека се работи за длабоко психолошки приказни кои истражуваат теми на лудило, опсесија и вина. Начинот на кој играта ја презентира нарацијата е нелинеарен и фрагментиран, дополнително засилувајќи ја атмосферата на дезориентација.

Графичкиот стил користи уникатна комбинација на stop-motion анимација со кукли, видео колажи и уникатни рендери, создавајќи, притоа, морничава естетика. Римастерот, ако може да се каже така, го зачувува оригиналниот сооднос на сликата и несовршениот, сиров изглед на оригиналот. Гласовната нарација, пак, е предводена од култниот писател Вилијам С. Бароуз, чиј специфичен тон совршено се вклопува во мрачниот амбиент. Паралелно со ова, музичката подлога е компонирана од Томас Долби.

Edgar Allan Poe’s Interactive Horror: 1995 Edition е интерактивно искуство и, еден вид, историски артефакт кој фрла го во преден план уметничкиот израз и психолошката напнатост. За љубителите на Едгар Алан По и оние кои сакаат да истражат како видеоигрите експериментирале со наративот пред три децении, ова е фасцинантно, иако кратко и технички застарено патување во лудилото.

Monsters and Me: Хаотична аркадна борба

Monsters and Me е преслатка, дводимензионална, инди игра која ќе им се допадне на фановите на roguelite акциони игри. Овде, фокус се става на што е можно подолго преживување на бранови од непријатели. Фрлени во динамична средина каде што етапно се отклучуваат дополнителни простории, принудени сте да активирате одредени работи, да отклучувате оружје, како и да се бранат од орди на мутирани суштества. Играта може без проблем да се игра самостојно, но забавата е значително поголема доколку имате пријател-два. Во таа ситуација има интересен стратешки елемент на покривање и заедничко менаџирање на ресурсите.

Во Monsters and Me, може да бирате помеѓу четири различни ликови (Брајан, Боб, Нина и Тони. Независно кого ќе одберете, во мапата ве очекуваат 18 различни оружја, како пушки, сачмарки и фрлачи на пламен. Секој од оружјата има три нивоа на надградба, нешто што значително помага доколку сакате да издржите подолго време. За да работите бидат уште подлабоки, имате на располагање 12 специјални способности кои се, исто така, надградливи, како и 5 посебни поволности кои зголемуваат одредени статистички вредности (како што се брзината на полнење или јачината на експлозиите).

Monsters and Me користи ретро стил со модерна pixel art естетика која потсетува на старите аркадни игри. 

Monsters and Me кој ќе ви се допадне доколку сте љубителите на брза bullet-hell акција, особено доколку ви се допаѓа прогресивното отклучување соби, како кај CoD Zombies. Комбинацијата од рандомизирани елементи, широкиот спектар на оружја и можноста за локална кооперативна го истакнува насловот како солиден избор за оние кои сакаат механички интензивна игра без непотребно замарање со приказна. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments