Во САД, 25 поткасти собираат половина од публиката

во Вести

Поткастите повеќе не се кул непознат медиум како што беа до пред десетина години, туку прераснаа во супер моќна сила во забавната и медиумската индустрија. Оригинално, се појавија како платформи за различни мислења и дискусија за широк спектар на теми, од вистински криминал до наука и лични приказни; поткастингот стана профитабилна индустрија која привлекува мегаѕвезди и големи инвестиции.

Еволуцијата на поткастите

Поткастите  започнаа како лесно достапна платформа за ентузијасти и аматери. Потребен беше единствено подобар микрофон, и секој можеше да ги сподели своите мисли и приказни со глобалната публика. Оваа едноставност и леснотија за креирање на нови содржини  доведе до брз раст. Наскоро се појавија многу поткасти кои разгледуваа многу разновидни теми. Во 2024 година, има речиси 450 000 активни поткасти со илјадници епизоди. Темите кои ги покриваат се многу разновидни и има по нешто за секој, без разлика каков интерес имате.

Денес, деновите на квалитетен микрофон и интересни теми се завршени. Поткастите ги надминаа своите скромни почетоци, а индустријата сега има познати креатори и огромни финансиски зделки. На пример, Алекс Купер е блиску до договор од 100 милиони долари за нејзиниот популарен поткаст „Call Her Daddy“ со Сириус, а Џо Роган потпиша договор со Spotify, кој неофицијално е вреден до 250 милиони долари. Овие зделки го одразуваат огромниот интерес и се поголемата важност и профитабилноста на поткастите како популарен медиум за забава.

Супер ѕвезди и големи договори

Поткастите сега се повеќе од хоби; тие прераснаа и во голем бизнис, а најголемите, влијаат и на јавното мислење. Во САД најпопуларните 25 поткасти достигнуваат речиси половина од американските неделни слушатели. Најголемите ѕвезди во индустријата имаат договори од повеќе милиони долари. Тревор Ноа е во преговори за втора сезона со Spotify, а спортскиот поткаст на браќата Келце, „New Heights“, кој е рангиран на четврто место на листата на најпопуларни поткасти во САД е во преговори со одделот на Amazon.com за поткасти Wonderly. Неофицијално Џејсон и Тревис бараат договор вреден 100 милиони долари од Wondery пренесе Wall Street Journal.

Договорите помеѓу креаторите на содржината и платформите сега доаѓаат и со цели кои треба да се достигнат. На пример во договорот со Sirius, Алекс Купер има клаузули за број на слушатели, а договорот кој Spotify го има со Тревор Ноа и овозможува на платформата преку реклами да ја поврати својата инвестиција, и да ја подели идната заработка со Ноа. Ова е еден од најпопуларните модели на договори кои се користат за поткастите.

New Heights with Jason and Travis Kelce

Топ 5 поткасти според бројот на слушатели

  • The Joe Rogan Experience 
  • Crime Junkie
  • The Daily 
  • New Heights with Jason and Travis Kelce 
  • Dateline NBC 

Разновидни приходи

Заедно со популаризацијата на поткастите се промени и монетизацијата. Во почетоците, примарниот прилив на средства беше преку реклами, често од стартап и многу тесно таргетирање на брендови. Денес, дури и големите огласувачи како BMW, DraftKings и Home Depot инвестираат во реклами за поткаст, особено во емисии кои ги следат милиони слушатели или гледачи.

Предвидувањата се дека само во 2024 година приходите од рекламирање на поткаст ќе пораснат за 12%, на над 2 милијарди долари, и се очекува да достигнат скоро 2,6 милијарди долари до 2026 година.

Но рекламите се само еден дел од приходите. Покрај нив, поткастерите истражуваат и други начини на заработка, вклучувајќи претплати, настани во живо и продажба на производи. На пример, Spotify воведе претплата за слушање на поткасти без реклами, ран пристап и ексклузивни содржини.

Понов тренд, со уште поголем раст се видео верзиите на поткасти, како оние достапни на Spotify и YouTube. Со ова креаторите на содржини може да дојдат до публика низ повеќе формати и платформи.

Предизвици и проблеми за индустријата

И покрај нејзиниот вртоглав раст, индустријата за поткаст не е без проблеми. Платформите како Spotify мора да направат процена за исплатливоста на производот. Ова често значи и нагаѓање со договори и понуди за познати личности, а некои не даваат резултати. Пример за тоа е договорот на кралското семејство, Хари и Меган Маркл, со Spotify, кој вредеше 20 милиони долари и резултираше со само едно шоу. Поради ова, компаниите сега се повнимателни, додаваат заштитни мерки во своите договори за да ги ублажат потенцијалните загуби.

Која е иднината на поткастите

Иднината на поткастите е ветувачка, а фокусот е на диверзификација и иновации. Компаниите како Amazon’s Wondery се надеваат дека најдобрите поткасти ќе успеат да се прошират во други медиуми, како што се ТВ, филмови или книги. Интеграцијата на видео содржини, настани во живо и ексклузивни производи е се почест дополнителен канал за заработка, што отвора нови можности за креаторите на содржина, но и за платформите.

Покрај тоа, индустријата истражува различни модели за претплата и понуди за врвна содржина. Siruis, на пример, планира пакети за претплата што може да вклучуваат популарни поткасти како „Call Her Daddy“ и „Smartless“. Овој пристап има за цел да им понуди повеќе на слушателите и истовремено да обезбеди дополнителни приходи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk