1 коментар 2 мин. читање 12 март, 2020

Следете ги најважните известувања за COVID-19 на AirCare

Најпопуларната македонска апликација во моментов AirCare (МојВоздух) се приклучува на напорите за справување со пандемијата на коронавирусот COVID-19.

Во соработка со Министерството за здравство апликацијата додаде функционалност која овозможува и следење на најважните вести и нотификации поврзани со епидемијата во Македонија. Апликацијата ќе испраќа нотификации при промена на статусот, важни вести и промени во препораките за коронавирусот. Дополнително во делот за вести може да пронајдете и совети кои мерки да ги преземете за да бидете побезбедни.

За нотификациите е потребно да ги имате најновата верзија на апликацијата и секако да ги ги вклучите нотификациите. Ако апликациите не ви се вклучени или ако не знаете дали ви се вклучени за да проверите направете ги следниве чекори:

  1. Отворете ја апликацијата МојВоздух/AirCare
  2. Од менито во горниот лев агол пронајдете го „Push notification“ делот и активирајте ги нотификациите.

Дополнително во делот за вести (доле лево) сега може да прочитате и вести поврзани за COVID-19.

https://www.facebook.com/gorjanjovanovski/posts/10219727271286303
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top