Поголема прегледност за потрошениот интернет на телефон со Data Monitor

Во самиот телефон постојат опции за добивање увид за тоа колку интернет сте потрошиле преку мобилната, односно wi-fi мрежата.Но, доколку сакате побрзо да доаѓате до севкупниот увид од една појдовна точка, би можеле да ги проверите потенцијалите на Data Monitor.

Преку оваа аппликација дознавате колку податоци сте пренеле користејќи некоја од достапните мрежи. Преку минимален, но визуелно привлечен интерфејс, инстантно добивате увид за:

  • примени и испратени податоци преку мобилната и wi-fi мрежата на дневно и неделно ниво
  • системска употреба на податоци; до која мера апликациите од вашиот телефон го користат интернетот за примање и испраќање податоци
  • тестирање на ефикасноста и брзината на вашата мрежа

Можете да организирате план за податоци за да во секој момент знаете уште колку податоци можете да размените – корисно доколку вашиот интернет е ограничен и треба да внимавате колку трошите.

Data Monitor се одликува и со виџет кој се вдомува на вашиот екран и прикажува клучни податоци за пренос на податоци. Виџетот се освежува на секои 60 секунди, а во ситуации на претходно дефиниран дата план, ќе бидете известени доколку го искористите лимитот и треба да намалите со сурфањето.

Data Monitor е релативно нова апликација, но веќе има над 50000 преземања и оценка од 4.3, заснована на скоро 500 рецензии. Компанијата која стои зад алатката, Bitroid, претходно има исфрлено уште една алатка која се вика Focus, а е замислена да ги ограничува сите апликации кои непотребно ви го одвлекуваат вниманието од вашите вистински цели!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk