The Run: Интерактивен спој на хорор игра и филм каде секоја секунда е важна

во гејминг

Тhe Run е најновиот класичен пример за FMV (Full Motion Video) наслов – интерактивен продукт кој се залага да ја избрише границата помеѓу игра и филм, градејќи тензии преку донесување значајни одлуки и соочување со таквите последици.

The Run е сниман филм. Вие го гледате филмот и во одредени моменти донесувате бинарни избори. Во зависност од донесениот избор, ќе одгледате соодветна сцена и така се во круг. Постојат два режими на играње кои го менуваат интензитетот на искуството. Режимот со временски ограничени избори додава притисок и итност за време на тензичните ситуации. Од друга страна, режимот на паузирани избори ви овозможува натенане размислување, што е погодно за оние кои сакаат да ја анализираат секоја опција или, уште подовро, за групно играње каде публиката може да учествува во одлучувањето. Стандарно за ваквите „игри“, имате и детален графички приказ на сите наративни гранки, кои се отклучуваат како што напредувате низ снимениот материјал.

Приказната ја следи Зана Хендрикс, познат фитнес инфлуенсер, чие амбициозно трчање низ планините на Северна Италија се претвора во борба за живот. Системот на одлучување е длабоко интегриран во приказната, нудејќи пет различни завршетоци и дури дваесет уникатни сценарија на смрт. Како што напоменавме претходно, одредени ваши одлуки навистина отвораат целосно различни сцени и патишта. Иако одредени секвенци првично може да делуваат нелогично или банално, целината добива смисла како што се откриваат слоевите на приказната преку различните исходи. Ваквото нешто значително ја зголемува вредноста за повторно играње.

Глумата, предводена од Роксан Меки, а поддржана од ветерани како Дарио Арџенто и Франко Неро, никако не е за потценување. Нивното присуство и квалитетната глума додава тежина на хорор атмосферата и максимално ве влече низ невообичаените заплети. The Run воопшто не е долга игра, а сцените се паметно осмислени и реализирани за да во ниеден момент не чувствувате дека работите се непотребно одовлекуваат.

Наслов што не треба да се одигра само еднаш

Како дело на сценаристот и режисер Пол Рашид, кој веќе има искуство во овој жанр со наслови како The Complex, The Run успева да понуди солидно интерактивно искуство. Структурата на играта активно ве охрабрува да истражувате алтернативни патишта за да ја сфатите целосната слика на настаните и да ги избегнете бројните фатални грешки кои демнат зад секој погрешен чекор. Во случај да сте фанови на ваков хибрид од игра и филм, тогаш The Run дефинитивно треба да биде вашиот избор за квалитетно попладне.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk