Garden of Witches: Симпатична roguelike акција во хаотична градина

Garden of Witches е шармантна roguelike акциона игра која ве фрла во магични опасности креативно испреплетени со симпатичен хаос. Играјќи како Сил, вашата задача е да ги соберете и дисциплинирате вашите проблематични колешки, со цел да ја спасите вашата заедничка градина од целосен колапс. Ова, меѓутоа, е полесно да се каже отколку да се направи затоа што нема да можете така лесно да го исправите она што веќе е започнато од другите мрзливи и крајно неодговорни вештерки.

Неисполнето ветување

Наспроти што би можеле да помислите од горниот опис, Garden of Witches е, всушност, игра чиј гејмплеј се заснова на динамична roguelike акција. За да станете ултимативниот борец, ќе мора да го подобрувате вашиот арсенал на магии и да го совладувате секое ниво и бос преку имплентирање нови стратегиии. Успехот лежи во учењето на шемите на непријателите, прецизното темпирање на акциите и пронаоѓањето на сопствен уникатен пат до опстанок. Нешто што знае да биде полесно по секој поминат ран.

Играта нуди можност за комбинирање на различни магии, атрибути и типови на ножици за да се создаде персонализиран стил на борба. При секое ново преигрување во играта, ќе имате можност да создаваат и експериментирате со нови билдови, што значи дека не постои само еден правилен начин за играње. Случајниот избор на таленти, синергии и реликвии за време на битките дополнително ја зголемува репетитивноста и стратешката длабочина, принудувајќи ве да ја обликуваат вашата тактика на лице место.

Карактеристично за roguelike жанрот, неуспехот во Garden of Witches строго се препорачува бидејќи секоја смрт е можност за отклучување и подобрување на вашите способности, дозволувајќи ви секој пораз полека, но сигурно да ве одведе поблиску до целта. И покрај акциониот фокус, играта ветува и емотивна приказна исполнета со стратешки избори.

Моментно, Garden of Witches е достапна во ран пристап. Ова значи дека, доколку сакате, можете да ја искусите целата главна приказна од првото до петтото поглавје, системот за развој на различни градби преку комбинирање на атрибути, како и нови стратешки елементи кои се воведуваат со секое поглавје (синергии, реликвии, избор на оружје). Постои и едноставен енд-гејм систем фокусиран на постигнување рекорди. Во иднина се навува додавање на нови региони, босови и енд-гејм содржини, заедно со разни нови функции.

Garden of Witches изгледа како ветувачки наслов за љубителите на roguelike акциони игри кои бараат симпатична естетика, динамична борба и систем на прогресија кој го наградува повторувањето. Комбинацијата од магија, стратешко градење на ликот и приказна за спасување на хаотична, но шармантна градина, има потенцијал да привлече широк спектар на играчи. Иако е сè уште во ран пристап, посветеноста на програмерите за додавање нова содржина дава надеж за едно богато и забавно финално искуство.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments