Ел Салвадор со државјанство за биткоин инвеститорите

во Вести

Малата држава во Средна Америка Ел Салвадор ќе ги отвори границите за крипто ентузијастите. Властите донесоа нов закон за имиграција со кој по брза постапка ќе им се дава државјанство на биткоин инвеститорите. За да влезат во оваа група инвеститорите треба инвестираат во некои од официјалните социјални и економски програми за развој на Ел Салвадор. Законот оваа недела треба и официјално да стапи на сила.

Веројатно носењето на законот не е преголемо изненадување за никој кој ја следи состојбата во Ел Салвадор. Претседателот на државата е еден од најголемите ентузијасти кога крипто валутите се во прашање. Законот е донесен благодарение на поддршката која ја доби од партијата на претседателот Најиб Букеле, New Ideas.

Сепак, се чини дека за детална верзија на законот ќе треба да почекаме. Законот нема на пример, минимална сума на инвестирани/донирани средства за кои државјанството ќе се добива по скратена постапка. Актуелниот закон за државјанство на Ел Салвадор предвидува период за натурализација од пет години, пред човекот да добие статус на државјанин. Овој период е сбукелкусен на две години доколку кандидатот е омажен или оженет за државјанин на Ел Салвадор.

Дел од крипто ентузијастите следејќи го ентузијазмот на Букеле веќе одамна се релоцираа во Ел Салвадор, и тоа во крајбрежните населени места. Токму инвестицијата на американски донатор во 2019 година во социјални програми ја започна крипто револуцијата во државата. Сѐ започна во крајбрежното гратче Ел Зонте. Градот, благодарение на популарноста која ја имаа крипто валутите го доби името „Bitcoin Beach“. Tуристи и биткоин ентузијасти започнаа да доаѓаат во посета, дел поради љубопитство, а дел и за да отворат сопствени бизниси, бидејќи институциите не ги гледале по автоматизам како криминалци луѓето кои работат со криптовалути.

Државјанство како подготовка за претседателките избори во Ел Салвадор

Во овој период Ел Салвадор е во фаза на подготовка за претседателски избори. Претседателот Најиб Букеле се надева дека ќе биде реизбран на функцијата. Сепак, во добар дел неговиот реизбор зависи од биткоин проектите и колку жителите на Ел Салвадор започнаа да ги прифаќаат.

Државата пред повеќе од две години, во септември 2021 го прифати биткоин како платежно средство. Крипто валутата е платежно средство насекаде, но за жал имплементацијата не е најдобра. Дел од корисниците се жалеа дека трансакциите се спори, а апликацијата често е нефункционална. Во истиот период најавија дека започнуваат со изградба на првиот биткоин град. Изградбата на градот и почетокот на финансирањето доцнеа, a од мај 2023 година, се чини дека целиот проект е во мирување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments