Ниту Internet Archive не е поштеден од DDoS

Ако последниве неколку дена се обидовте да ја отворите Internet Archive можеби забележавте дека страницата работи побавно, а понекогаш содржините не се достапни. Причината за ова се DDoS напади чија жртва се последните 3 дена.

The Internet Archive е своевидна онлајн библиотека на која може да се пронајдат милиони документи, зачувани верзии на веб-страници, аудио содржини, видеоигри… Добра вест е дека и покрај нападите целата содржина е безбедна. Лоша вест е дека со нападите се зафатени сите делови вклучувајќи го и Internet Archive Wayback Machine.

„За среќа, колекциите се безбедни, но жал ни е што DDoS нападот повремено ја спречува услугата последните три дена“, вели Брустер Кале, основач и дигитален библиотекар на Internet Archive. „Со поддршка од другите и напорната работа на персоналот, ја зајакнуваме одбраната за да обезбедиме посигурен пристап до нашата библиотека. Она што е ново е дека овој напад е продолжен, насочен, приспособлив и што е најважно, злонамерен“.

Нападите започнаа за време на продолжениот викенд во САД, а продолжија и оваа недела. Internet Archive најпрво објавија дека сервисот работи нормално, но само неколку часа подоцна корисниците забележаа дека повторно не можат да пристапат на сервисот. Потврдата дека нападите продолжиле дојде и од Internet Archive.

Досега нема податоци за тоа кои се напаѓачите, ниту за евентуалните мотиви зад нападите. Internet Archive е само една од библиотеките кои се цели на напади последниот период. Неодамна беа нападнати и Британската библиотека, Jавната библиотека на Солано (Калифорнија), Природонаучниот музеј во Берлин и јавната библиотека на Лондон од Онтарио.

Од Internet Archive ја искористија оваа прилика да потсетат дека сервисот освен што е соочен со DDoS напади е под напад и од тужби од издавачите на книги и од музичката индустрија. Претставниците на различни издавачи ја обвинија архивата за нарушување на авторски права, и бараат отштета од стотици милиони долари. Internet Archive предупреди дека овие тужби се значително поголема опасност за нивната работа од DDoS нападите со кои се соочуваат.

„Ако нашите поддржувачи мислат дека ова е вознемирувачка ситуација, треба да бидат многу позагрижени за намерата на издавачите на книги и музичките издавачи. Мислам дека се обидуваат да ја уништат оваа библиотека во целост, и да ги загрозат сите библиотеки“, додава Кале на блогот на Internet Archive.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments