Darkest Dungeon II – Inhuman Bondage: ново DLC и надополнување за култната игра!

Зошто да ја играте Darkest Dungeon II?

  •  Комплексна и исклучително мрачна игра
  •  Штотуку излезено бесплатно надополнување и платежно DLC

Darkest Dungeon II е мрачна и предизвикувачка roguelite игра која ги турка играчите во очајна борба за опстанок. Со Inhuman Bondage DLC, играта додава уште еден дополнителен слој на предизвик измешан со очај, нудејќи нов мини-регион, непријателска фракција и херој.

На кратко за Darkest Dungeon II

Darkest Dungeon II е rogue-lite игра базирана на потези, во која играчите се впуштаат во очајничко патување низ пропаднат свет.

Вашата задача е да формирате екипа, да ја опремите кочијата и да се втурнете низ распаѓачкиот пејзаж, заложувајжи се да спречите апокалипса предизвикана од сопствените неуспеси. Никако не заборавајте, меѓутоа, дека најголемите опасности со кои се соочувате може да дојдат од групата која ја водите.

Покрај обемни надградби од траен карактер, Darkest Dungeon II се одликува со сосема нова 3D визуелизација во препознатлив стил, нова механика на патување, подобрена верзија на иновативниот систем на борба, четиринаесет херои за играње, пет региони, пет главни непријатели.

Darkest Dungeon II првично беше издадена во Early Access на Epic Games Store во октомври 2021 година. Оттогаш, играта има редовни големи надградби на содржината и механиките. Првото DLC за DDII, The Binding Blade, излезе на 11 декември 2023 година.

Нечовечко страдање

The Abomination е нов херој кој доаѓа со Inhuman Bondage DLC. Ликот, иако моќен, доаѓа со одредени предизвици. Имајте во предвид, меѓутоа, дека мора да ги отклучите неговите херојски светилишта во Confessions режимот пред да можете да го користите во Kingdoms. Наспроти што би кажала одредена незадоволна група од гејмери, ова, за нас, додава слој на длабочина и стратегија на играта, бидејќи играчите мора да вложат време и напор за да го отклучат херојот.

The Catacombs е нов мини-регион кој е достапен и во Confessions и во Kingdoms модовите на играта. Овој регион е исполнет со опасности, но нуди и големи награди за оние кои се доволно храбри да се соочат со неговите предизвици.

Како изгледа новиот Kingdoms режим?

Kingdoms модот навлезе во Darkest Dungeon II како бесплатна надградба! Нудејќи паралелно искуство со можностите на оригиналниот режим – Confessions, Kingdoms ви дозволува да го браните кралството од сосема нови непријателски фракции.

Кои се Red Hook Studios?

Red Hook Studios е независно студио за развој на видео игри со седиште во Ванкувер, Британска Колумбија. Студиото, кое моментно брои 25 луѓе, е основано во 2013-та година, од страна на ветераните во индустријата Крис Бураса и Тајлер Сигман.

Darkest Dungeon е нивната прва игра која, од 2016-та година – наваму, успеја да се продаде во повеќе од 6 милиони копии.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Red Hook Studios
  • Издава: Red Hook Studios
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  9 мај 2023

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments