Една од најинтересните презентации на годинешниот Computex беше најавата за новиот процесор на AMD. Компанијата и официјално го претстави наследникот на Ryzen 5000. Ryzen 7000 е супер моќен процесор кој може да го очекуваме оваа година.
Ryzen 7000 ќе доаѓа со максимум 16 Zen 4 јадра, изработени со оптимизираниот 5nm процес на TSMC, пишува Anandtech. Од она што го видовме на претставувањето, процесорот работи на над 5GHz, а на презентација на Ghostwire: Tokio надмина 5,5GHz. Со ова според работната фреквенција процесорот се изедначи со Intel Core i9-12900KS. Секако кога перформансите се во прашање, на нив влијаат уште куп други фактори. Она што може да ги израдува фановите на AMD, но и фановите на добар хардвер е дека Zen4 на „single core“ процеси има 15 отсто подобри перформанси во однос на претходната Zen3 генерација.
Засега нема детални информации за Zen4 архитектурата. Оптимизираниот 5 nm производен процес од TSMC веќе се користи за производство на процесори за паметни телефони. Ова е првпат технологијата да се користи за производство на десктоп процесор. Компанијата сподели малку повеќе детали за L2 кеш меморијата. Новите процесори доаѓаат со 1МВ кеш меморија по јадро. Ова е двапати повеќе од кеш меморијата достапна на Zen3 во моментов. Zen 4/Ryzen 7000 процесорите доаѓаат со AI забрзување на инструкции кои ги подобруваат перформансите, иако за ова засега нема детали. Она што е извесно е дека процесорите на AMD во иднина ќе доаѓаат со интегрирана графичка, што досега не беше случај.
За жал не се сите вести добри. За новиот процесор, веројатно очекувано, ќе биде потребна и нова матична плоча. Со оглед на потребата за поддршка за DDR5 и PCIe 5.0 нова плоча веројатно и не можеше да се избегне. Ова ќе ја покачи почетната инвестиција потребна за новиот процесор.
Компанијата објави дека работат на 3 плочи: X670 Extreme, X670, и поевтиниот модел B650. Новите матични плочи ќе доаѓаат со повеќе надградби. Сите плочи ќе имаат барем еден PCIe 5.0 NVMe слот, за жал PCIe Gen 5 графички слот ќе биде достапен кај дел од поскапите модели. „Extreme“ верзијата гарантира PCIe Gen 5, но за сите поевтини модели ова не е случај. На пример за X670 додавањето на овој слот ќе зависи од производителот. Плочите ќе доаѓаат со нов AM5 LGA1718-сокет, и според најавата плочата ќе може да испорача 170W енергија до новите чипови. Дали Ryzen 7000 ќе троши повеќе електрична енергија од актуелната 5000-серија ќе треба да почекаме и да видиме.
Добра вест е дека сите што планираат да купат нов компјутер нема да мора да чекаат предолго за новата генерација процесори. Производителот најави дека првите процесори ќе пристигнат наесен. Можеби првите процесори би можеле да ги видиме веќе за 4 месеци, иако тоа веројатно е најрано што може да ги очекуваме.
Сеа треба ли да правеме надградби скоро секоја 1.5 година?
На секое менување чорапи требе и надградба да правете, значи на секои 1.5 до 2 години.