0 коментари 2 мин. читање 20 мај, 2022

Намалете ја конзумацијата на кафето со Cup Buddy

Кафето е феноменален пијалак, нема никакво сомневање во тоа. Токму поради тоа, некои навистина немаат мерка и пијат значително повеќе отколку што се препорачува на дневно ниво.

Cup Buddy е iOS апликација која е тука за да ја следи секоја ваша шоља кафенце, да ви објасни како истото функционира на вашиот физички и емоционален план, и да ви помогне да конзумирате онолку колку што ви е потребно, без да ги чувствувате негативните ефекти на кафето, како замор, анксиозност, дехидрираност и слично.

Cup Buddy следи над 180 различни пијалаци со кафе од целиот свет и ви нуди бројни можности за следење на вашите навики, така што ве потсетува кога е најдобро да (не) пиете (одредено) кафе.

Штотуку излезената втора верзија на Cup Buddy е значително подобра од претходната, како во поглед на визуелната, така и во поглед на функционалната страна. Како еден од многуте новитети е и воведувањето виџети и информативни известувања поврзани со вашите навики за пиење кафе.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top