Алтернативни оперативни системи за Android 

во Вести, Мобилни

Android и iOS долго време доминираат во светот на мобилните оперативни системи, при што повеќето паметни телефони ширум светот работат на еден од овие оперативни системи. Глобално, околу 70% од корисниците користат Android, преостанатиот дел користат iOS, а некој мал дел им припаѓа на останатите алтернативни оперативни системи, овие два оперативни системи заедно имаат околу 6 милијарди корисници

Како и да е, доминацијата на овие технолошки гиганти покрена загриженост во врска со приватноста на податоците, безбедноста и ограничените опции за корисниците. Ова е местото каде што алтернативите на оперативниот систем Android, особено оние со поголем фокус на приватноста, влегуваат во игра како привлечен избор за корисниците на паметни телефони. 

Алтернативни оперативни системи за Android: 

Ubuntu Touch 

Ubuntu Touch, познат како и UBports оперативен систем со отворен код базиран на Linux. Прилагоден да работи на телефони, таблети и други уреди. Интересна карактеристика за овој оперативен систем е тоа што телефон со овој оперативен систем може да го користите како десктоп компјутер. Безбедноста на корисниците е една од посилните страни на овој оперативен систем, односно апликациите се изолирани една од друга и со ова протокот на податоци помеѓу апликациите е прилично редуциран. Инсталацијата на овој оперативен систем е прилично едноставна, но бара дополнителен компактибилен уред. Доколку сакате да искусите поразлично искуство, а се прашувате дали вашиот уред е соодветен за Ubuntu Touch погледенте ја листата на соодветни уреди. 

LineageOS 

LineageOS, оперативен систем со отворен код, кој што нуди зголемена контрола на безбедноста и поставките. 

Овој оперативен систем е изграден на платформата на Android и со дизајнот потсеќа на исто така на Android. Погоден е за постарите модели на телефони кои што не ги поддржуваат моменталните верзии на Android. Овој оперативен систем нуди функционалност позната како incognito mode – со која што може да ги користите апликациите без тие да ги користат вашите лични податоци. Целата листа на соодветни уреди за LineageOS. 

CalyxOS 

CalyxOS, оперативен систем приспособен на уредите Google Pixel, Shift, Fairphone, и Xiaomi Mi A2. Изграден и базиран е на Android, надополнет со зголемена безбедност, поточно има интеграција со MicroG, која што овозможува користење на апликации за кои што се потребни Google сервиси, но без испраќање на податоци до Google.  

SirinOS 

SirinOS, оперативен систем наменет за крипто ентузијастите, поради големата безбедност која што ја нуди. Создаден е од страна од страна на израелскиот основач Моше Хогег. Функционалноста која што го издвојува овој оперативен систем од другите и го прави погоден за крипто трејдање е тоа што им овозможува на корисниците автоматски да тргуваат со поддржани токени и монети. Повеќе детали околу овој оперативен систем на следниов линк

Овие алтернативи за Android со главен фокус на безбедноста нудат поразлично корисничко искуство…

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments