Со голема забава од околу 200 посетители, Шведската компанија Polar Cape (Полар Kејп) го одбележа официјалното отворање на својата нова канцеларија во Сити галери на Плоштад Македонија. Polar Cape е основана во 2010 година во Стокхолм, Шведска, а првото македонско претставништво е отворено во 2011 година во Скопје. Покрај скопската, неодамна отворија и канцеларија во Битола.
Скопската канцеларија на Polar Cape има капацитет за повеќе од 150 лица и се протега на 1400 квадратни метри отворен работен простор, со многу содржини адаптирани за потребите на компанијата. Има 15 поголеми и помали конференциски сали, амфитеатар за следење едукативни содржини, како и простор за забава и релаксација.




Забавата започна со кратко обраќање од генералниот директор на компанијата Сајмон Форшхау, а продолжи со одлична музика и коктели до доцна во ноќта. На забавата присуствуваа вработените на Polar Cape, повеќе шведски и локални долгогодишни соработници, но и Амбасадорката на Шведска, НЕ Ами Ларсон Џеин, која за оваа прилика изјави:
„Воодушевена сум од растот на шведската деловна заедница во Северна Македонија, вклучително и во ИТ секторот. Задоволство е да се види дека шведските компании како Polar Cape можат да привлечат млади таленти од Северна Македонија и да го комбинираат најдоброто од двете култури за да создадат стимулативна работна средина. Програмата за млади таленти на Polar Cape (Polar Cape Graduate Program) е показател на посветеноста на оваа шведска компанија, не само да инвестира во деловната извонредност, туку и во професионалниот развој на младите генерации на Северна Македонија“.

Основачите на компанијата, инаку долгогодишни соработници и пријатели, ја основаат компанијата со идеја да создадат работна средина во која и самите би сакале да работат. Ваквиот начин на размислување низ годините привлече значителен број на професионалци од ИТ индустријата. Компанијата е привлечна за нив поради условите за работа, но и поради своето богато резиме во кое се наоѓаат успешно завршени проекти на бројни звучни имиња од шведската и меѓународната бизнис сцена.













Polar Cape е единствената ИТ компанија во Македонија која е сертифицирана од Институтот „Одлично место за работа“ од Шведска (Great Place to Work®) во 2022 година. Компанијата соработува со институтот уште од 2014 година и соработката ја користи за постојано да ги подобрува условите кои им ги нуди на своите вработени.
Резултатите за 2022 година покажаа дека 91% од вработените сметаат дека Polar Cape е Одлично место за работа. За сертификација, потребен е просек од 70% на анкетата, а Polar Cape постигна просек од 88%.
Доколку сакате да видите како се создаваше канцеларијата во Скопје, следете го следниот линк. А доколку сакате да останете информирани за работните позиции кои се отвораат во Polar Cape Македонија, следете ја компанијата на LinkedIn или појдете на вебсајтот каде редовно се објавуваат.







