Broadcom и TSCM заинтересирани за купување на Intel

во Вести

Старо-нови гласини ја размрдуваат Силициумската долина. Овој пат во фокусот не е стартап, туку мега производителот на чипови – Intel. Со децении, компанијата беше синоним за процесори, и моќ на нашите компјутери. Сега, се појавуваат гласини за можен распад, кои го поставуваат прашањето: „Дали она што не можевме ниту да го замислиме до пред неколку години може да стане реалност?“

Две компании се споменуваат во овие неофицијални податоци: Broadcom и TSMC. Broadcom, е производител на чипови, и наводно е заинтересиран за одделот за дизајн и маркетинг на Intel. Гласините велат дека компанијата сепак нема да преземе никаков чекор ако не успее да пронајде партнер. Идеално, партнерот ќе го преземе огромното производство на Intel.

Потенцијално заинтересиран за ова партнерство TSCM. Tајванскиот производител е еден од најголемите конкуренти на Intel. Се шпекулира дека размислуваат да преземат контрола над некои, или дури сите, фабрики на Intel, пренесе Wall Street Journal. Ова веројатно е најголемиот кошмар за Intel. Компанијата ќе треба да гo препушти водењето на производната линија на еден од најголемите конкуренти. Ако ова беше сценарио кое до пред неколку години беше смешно, се чини дека денес нема простор за шега.

Овие потенцијални зделки, иако се уште во прелиминарна фаза, укажуваат на значителна промена во производството на полуспроводници. Intel, компанијата што практично ја дефинираше индустријата за чипови со генерации, потфрли. Нивниот неуспех да го задржат чекорот со врвното производство на TSMC ја отвори вратата за ривалите да ја искористат нивната слабост.

Иако изгледа како одлично партнерство, засега Broadcom и TSCM не работат заедно. Двете компании се распрашуваат одделно, и барем во моментов станува збор за неформални контакти.

Она што е неверојатно во целата приказна е што до пред неколку годни, Intel не само што беше водечки производител, туку никој не беше ниту блиску до компанијата. За жал компанијата го пропушти „возот“ на мобилните уреди и таблет компјутерите. Проблемите за Intel започнаа откако заостанаа зад TSMC. Навикнати да бидат компанија која ги има најбрзите чипови со најмали транзистори повеќе не беа во врвот. TSMC полека ги преземаше договорите за производството на чипови.

Фабрикат на Intel во Охајо / Intel

Преговорите за преземање на фабриките на Intel се во рана фаза. Заговорник на идејата за преземање и претседателот на САД, Доналд Трамп, пишува WSJ. Сепак претседателот, и новата администрација не се наклони кон продавање на Intel, на странска компанија.  Очекувано е ова преземање да има многу пречки. Владата на САД, е претпазлива од странско влијание врз критичната инфраструктура. Поради ова веројатно ќе има влијание на секој договор што го вклучува TSMC.

Со Указот за производство на чипови од 2022 година се основа фонд од 53 милијарди американски долари за домашно производство на чипови. Најголема придобивка од овој фонд имаше Intel. Компанијата изгради нови производни погони во повеќе држави во САД. Лоша вест за заинтересираните купувачи е дека сите погони нa Intel се специјализирани за производство на нивните чипови. Ова ќе значи дека за пренамена на фабриките ќе треба да се поработи, што може да испадне дека не е едноставно, ниту евтино.

Вештачка интелигенција од домашно производство

Секако интересот на конкурентите може да не се оствари. Растот на вештачката интелигенција и определбата на новата американска администрација за спас на домашното производство може да го вклучи и Intel.

Фокусот на администрацијата на Трамп врз домашното производство на чипови не е само за економска конкурентност, туку и за национална безбедност. Геополитичките тензии растат. Со тензиите помеѓу Кина и Тајван, потпирањето на странски производители на чипови не е добра идеја. TSMC кој ги произведува речиси сите најнапредни чипови што ги користат големите американски технолошки компании како Nvidia, Apple, Qualcomm и AMD, доаѓа од Тајван. Во најлошото сценарио, конфликт со Кина околу Тајван може сериозно да го наруши снабдувањето со овие клучни компоненти. Ова сигурно ќе биде сериозен удар за американската индустрија.

Intel е единствениот американски производител на конкурентни чипови, па спасувањето на компанијата е и стратешки интерес. Ова го објаснува притисокот на администрацијата за поддршка на заживувањето на Intel. Дури и вака, спасувањето на Intel е далеку од сигурно, и со владина поддршка и влез на TSMC, компанијата се соочува со долга и тешка трансформација.

Техничките предизвици за интегрирање на производствените процеси на Intel со оние на TSMC не се занемарливи. Покрај техничките пречки, Intel треба да ја врати довербата на своите клиенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments