0 коментари 2 мин. читање 24 октомври, 2025

WITCON 2025: Вештачка интелигенција, иновација и технологии во два дена

Топ три теми што ја одбележаа 2025та година на една конференција во два дена – со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува третото издание на WITCON-конференција за вештачка интелигенција, иновација и технологија!

Трета година по ред WITCON прераснува во платформа на спој помеѓу знаењето, искуството и талентот со зголемен број на посетители како и говорници на сцена. Токму затоа, оваа година очекувајте над 450 посетители, 65+ говорници и претставници на над 100 компании од Македонија, регионот и светот во два дена.

Oваа година WITCON прераснува во дводневна конференција и тоа 21ви ноември онлајн со глобални учесници и публика, додека пак 22ри ноември ќе бидеме домаќини во хотел Marriott Hotel Skopje  на целодневна дружба. 

Ги покануваме сите ентузијасти во вештачка интелигенција, иновации и технологии, професионалци од сферата и секако пионери од истата да ни се придружат во овие два дена каде што очекуваме дека ќе се креираат нови идеи за продукти и услуги. 

„Иако верувавме дека ќе дојде денот кога ќе мора да ја пораснеме WITCON на некој начин, не очекував дека тоа баш ќе биде оваа година. Енергијата, споделеното знаење, инспирацијата и цела позитивна атмосфера што ја носи конференцијата го зголеми интересот, а ние секако доаѓаме подготвени со нови идеи и нови концепти оваа година, па очекувајте изненадувања,“ вели Моника Ризовска Таневска,  амбасадор на Women in Tech Macedonia & глобален Community Director на Women in Tech.

Обезбедете си карта на време на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/witcon-2025/ и следете не на Facebook, Instagram & LinkedIn со повеќе новости и најава на говорници!

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top