Ys X: Proud Nordics – Забавна поморска авантура

Доколку сте фанови на акционите RPG игри кои произлегуваат од талентираните Nihon Falcom тогаш не би требало да ја пропуштите Ys X: Proud Nordics. Она што ќе најдете тука е интересна приказна која го следи Адол и Карја, дуо кое станува нераздвојно откако еден инцидент прави да се физички и магично поврзани преку мистериозна сила. Неодамна излезената верзија ја интегрира и новата експанзија сместена на островот Оланд – место каде што ќе откривате нови мистерии од овој серијал. Но, што друго ќе најдете овде?

Што треба да знаете за играта:

  • Иновативен борбен систем: Уникатна Cross Action механика која бара тактичко менување помеѓу брзи соло напади и силна, заедничка одбрана.
  • Магична мобилност: Драстично менување на начинот на кој се истражуваат нивоата и се решаваат загатките со мана акциите.
  • Поморско истражување: Управување и надоградување на брод, како и водење поморски битки.
  • Проширена содржина: Комплет издание кое ги има вдомено сите претходни надградби, новата приказна и предизвикувачката Muspelheim Dungeon.

Динамичните борби на копно се, без сомневање, најсилниот аспект во играта. Традиционалниот систем со повеќе членови сега е заменет со новиот систем кој сe фокусира само на двајца ликови. Имено, во соло режимот, контролирате еден лик каде се дава акцент на екстремна брзина, избегнување на непријателските потези и задавање брзи удари. Дуо режимот, меѓутоа, е онаму каде што играта навистина сјае и каде што можете истовремено да ги контролирате и Адол и Карја. Овде темпото е успорено, но затоа можете без проблем да блокирате силни удари, да го полните таканаречениот Revenge Gauge и, потоа, да активирате на деструктивни, заеднички вештини. Начинот на кој е изведена оваа синергија нуди одлично чувство на моќ кое никако не бледи ни во доцните стадиуми на играта. 

Истражувањето исто така игра огромна улога, особено користењето мана-јаже за нишање над провалии или таканаречената Grimble Board за брзо лизгање низ комплексни терени, го прават истражувањето многу подинамично од претходните игри во серијалот. Згора на ова, имате и поморското истражување, но овде, мислењата се значително поделени. Од една страна, се фали концептот со поморските битки и користењето топови, како и откривањето нови острови. Нема сомневање дека ова знае да донесе пријатна промена на темпото. Од друга страна, меѓутоа, управувањето со бродот, особено на почетокот, знае да биде болно бавно (читај: тромо), со неинспиративно и монотоно истражување. Но, истиот тој број и механики ве водат на исклучително забавни острови со впечатливи квестови.

Што се однесува до самата приказна, Карја е еден од најдобро напишаните и највпечатливите придружници во историјата на серијалот Ys. Не се лоши ни останатите ликови, но голем дел од нив се потпираат на веќе видени жанровски стереотипи.

Ys X: Proud Nordics изгледа и се игра значително подобро. Голем дел од проблемите со перформансите кои беа присутни во оригиналните верзии сега се решени и PS5 верзијата се одликува со стабилни, флуидни фрејмови и преубава графика. Препознатливиот енергичен рок саундтрак на Falcom одлично се вклопува со акционите секвенци. Горе долу, звучи одлично, нели? Голем дел од фановите се чини дека се незадоволни од цената за оваа издание и посакуваа новата верзија да не чини толку многу пари. Ова е голем трн во окото за дел од гејмерите кои побрзаа да го искажат нивното незадоволство на Steam продавницата. Но, доколку по прв пат влегувате во Ys X: Proud Nordics, она што ќе најдете е квалитетна авантура во која се кријат часови и часови впечатлива забава.

Квалитетна акциона RPG авантура која вреди да се одигра

Ys X: Proud Nordics е најкомплетниот начин да се искуси овој наслов. Спојот од извонреден борбен систем, уникатни механики за движење низ светот и силна динамика помеѓу главните ликови создава искуство кое лесно ги надминува недостатоците поврзани со бавната поморска навигација. А, еднаш што ќе завршите со ота, ви се отвора целосно нова содржина на островот Оланд! Пријатен престој!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk