0 коментари 2 мин. читање 13 декември, 2017

Руски хакери украле речиси 10 милиони долари во Русија, САД и Велика Британија

Руска хакерска група која се нарекува MoneyTaker се сомничи за кражба на 10 милиони долари од банкомати. Групата овие средства ги украла од 20 компании од Русија, САД и Велика Британија, јави BBC.

Групата успеала да ја отстрани максимална граница за повлекување на средства од дебитни картички и ги украле парите од банкомати, вели Group-IB. Групата успеала да го направи ова пред сѐ благодарение на техничката документација која успеале да ја украдат од 200 банки од Латинска Америка.

„Навистина е совршено на некој начин. Успеаја да компромитираат системи и потоа да ги украдат документите за тоа како функционира банкарскиот систем, за да ги имаат сите податоци потребни за исплатите“, вели Кевин Куран, експерт и професор на сајбер-безбедност.

Благодарение на тоа што групата знае како функционираат банките, успеаја да останат незабележани. Постојано менувајќи ги: практиката, алатките и бришејќи секаков траг од нападите, само во САД украдени се 1.2 милиони долари. Во просек од 16 напади групата украла по 500.000 долари.

Во Русија групата успешно искористи домашен компјутер на еден од администраторите на банката за да добие пристап до банкарската мрежа.

Освен пари, хакерите постојано се обидуваат да дојдат до документација за банкарските системи. Пример: администраторски упатства, внатрешни напатствија и логови за трансакција.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top