Apple најавува нов модел на своите најмоќни компјутери iMac Pro. Вообичаено спецификациите на овие уреди се луди, а тоа е случај и овој пат.
Новите верзии на iMac Pro доаѓаат со 10 и 18 јадра. Со ова новиот модел ќе биде најмоќниот iMac Pro на пазарот, вели 9 to 5 mac. Дополнително, ненајавена варијанта за која се шпекулира е iMac Pro со 14 јадрен процесор. Сепак, досега официјално најавени од Apple се компјутерите со 8, 10 и 18-јадредни Xeon процесори.
Компјутерот има можност за 128 GB RAM – ECC DDR4 2.666 MHz. Со хард диск од 4TB ќе помине подолго време пред да го наполните дискот. Што се однесува до графичката картичка најмоќниот компјутер доаѓа со Vega 64 со 16 GB RAM.
Први во продажба пристигаат 8 и 10 јадрените варијатни на iMac Pro. Останатите, 14 и 18-јадрените верзии на компјутерот доаѓаат подоцна. Цената на 8-јадрената верзија е 5000 долари. Ова е првата верзија на iMac Pro која официјало доаѓа со поддршка за виртуелна реалност, иако ова е и прва верзија на моделот по подолг период.







