Русин под закана за петгодишна затворска казна за играње Pokemon GO во црква

во Свет

Во Русија покемоните ве фаќаат вас! Русинот Руслан Соколовски, би можел да ги помине следните пет години во затвор. Причината за ова се снимките кои може да се користат како доказ дека ловел покемони во Црквата на Сите Светци во Екатеринбург.

Г. Соколовски мислел дека ловот на покемони во црква не е забрането. „Како може да е навредливо да влезете во црква со паметен телефон?“. Сепак, локалните власти го обвинуваат за поттикнување омраза и навредување на религиозните чувства, пренесува Guardian.

Портпаролот на Руската православна црква го обвини г. Соколовски дека користи исти методи како Charlie Hebdo. Градоначалникот на Екатеринбург, го нарече апсењето срам, додавајќи дека: не можете да уапсите некој само ако е идиот.

Поддржувачите на младиот „престапник“ се организираат за лов на покемони во црквите, за на овој начин да го изразат својот револт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments