0 коментари 1 мин. читање

Претседателот Обама сака да стави крај на сајбер вооружувањето

Претседателот на САД Барак Обама сака да му стави крај на сајбер вооружувањето, пред ситуацијата да стане иста како онаа со нуклеарното оружје. Сајбер безбедноста е една од темите кои беа разгледувани на G-20. Со сигурност на оваа тема е разговарaно со претседателот на Русија, Владимир Путин, но и со други претседатели, кои г. Обама не ги откри.

„Имавме проблеми со сајбер провалување од Русија и од други држави во минатото. Влегуваме во нов период, во кој повеќе држави имаат значителни капацитети. Искрено ние имаме најголем капацитет, за напад и за одбрана. Но, нашата цел не е во сајбер арената да создадеме круг на ескалација, кој го видовме со друго оружје во минатото.“, вели г. Обама.

Претседателот на САД ги признава проблемите кои државите ќе ги имаат со хакери кои не се спонзорирани и не работат за држави. Проблемите од хакери кои сакаат да го искористат интернетот и своите вештини за брза заработка, во иднина ќе станат посериозни; па поради ова би било добро вебот да не стане модерна верзија на дивиот запад.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top