0 коментари 1 мин. читање

Русија забрани пристап до PornHub и YouPorn

Руската агенција за контрола и надгледување на интернет одлучи дека PornHub и YouPorn отсега нема да бидат достапни во земјата. Интересно се чини дека ова е настан кој се повторува секоја година. Агенцијата истото го направи и лани во септември, кога забрани пристап до руската верзија на PornHub.

За разлика од минатата година, оваа агенцијата излезе и со корисни совети. Така корисниците кои се незадоволни од оваа одлука, добија одговор: „Излезете и запознајте некого!“.

Причина за забраната е што страните незаконски произведуваат и дистрибуираат порнографија, што е казниво со 2 до 6 години затворска казна. Со оглед на тоа дека гледањето порнографија не е забрането, но производството и дистрибуцијата се илегални, одлуката ќе остане контраверзна.

Одлуката на агенцијата ќе оди пред суд во Русија кој треба да одлучи дали ќе остане на сила, јави Moscow Times.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top