Русија не е имуна на сајбер напади: Украдени се 100 милиони ВКонтакте профили

0 коментари 1 мин. читање

Податоци од над 100 милиони профили на најголемата руската социјална мрежа VKontakte се на продажба на црниот пазар, јавува Motherboard. Податоците содржат имејл адреса, име, презиме, локација, телефонски број и лозинка, вели LeakedSource.

Лозинките на VK.com во моментот на пробивањето биле чувани во „plaintext“ што значи дека секој може да пристапи до нив. Најчесто користени лозинки на Vkontakte се: 123456, 123456789, qwerty, 111111 и 124567890. Најголем дел од корисниците, околу 41 милион, имаат имејл адреса од @mail.ru и @yandex.ru адреси.

Податоците доаѓаат од хакер познат под псевдонимот „Peace“ кој тврди дека има и други 70 милиони профили кој засега не се на продажба. Цената на податоците е само еден биткоин. Станува збор за истиот хакер кој неодамна ги стави на продажба и податоците на над 400 милиони MySpace корисници.

Од руската социјална мрежа уверуваат дека заштитата не е пробиена и дека станува збор за податоци кои се од периодот 2011-2012 година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед