0 коментари 2 мин. читање 13 август, 2015

Русија најде смешен изговор за да го блокира Reddit

Русија го забрани Reddit, а како причина за забрана искористи еден пост за одгледување на „волшебни“ печурки, во зависност од тоа на кого му верувате. Објавата за забрана на Reddit во Русија не дојде по официјален канал, туку регулаторот ја објави на својот профил на руската друштвена мрежа ВКонтакте.

Очекувано корисниците од Русија не задоволни, па во коментарите бараат затворање на регулаторот Roskomnadzor, па и на друштвената мрежа ВКонтакте на која по префрлањето на сопственоста на Mail.ru, се повеќе се гледа како на друштвена мрежа која е контролирана од власта. По промените кои ги направи Reddit регулаторот можеше да блокира само одредени постови или подфоруми, но наместо ова се одлучија целосно да го блокираат сајтот.Дел од коментарите го оправдуваат затворањето на Reddit во Русија, но по неодамнешните стории дека Русија користи трол фарми за формирање на јавното мислење, навистина е тешко да се погоди кои од коментарите се автентични, а кои се напишани за 800 долари.

Вообичаено користење на VPN за функционира совршено за заобиколување на забраната, а на Rеddit веќе се појавија совети за најдобриот начин за користење, дополнително дел од корисниците јавуваат дека нема пречки при користењето на мобилната верзија на Reddit.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top