Зошто да ја играте?
- Значително покомплексна верзија со комплексни механики за напредување
- Над 200 пасивни надградби и на 60 оружја, како и над 60 моќни артефакти
- Забавно и непредвидливо истражување со прекрасна музика

Rogue: Genesia e акциона roguelite игра која е видно инспирирана од Vampire Survivors. Се работи која нема да ја играте поради приказната, туку поради забавниот гејмплеј. Во чедото на Ouadi Huard имате за задача да управувате со воин кој автоматски напаѓа легија од непријатели и отклучува бројни моќи од офанзивни и дефанзивни карактери.

Силата на изборот
Во Rogue: Genesia, првин се наоѓате на мапа која нуди неколку правци на движење. Штом одберете правец, навлегувате во областа која е „врзана“ со тој правец. Во таа област, обично имате за задача да убиете одредена бројка од непријатели. Во некои други ситуации, би имале за задача да браните одредени точки, да соберете или искршите нешто, или пак да се соочите со предизвикувачки босови. Од време на време, ќе биде побарано од вас вие лично да одберете каков квест да извршите и каква награда да добиете. Особено ни се допаѓа ваквата разноликост која секогаш нуди нешто поразлично, динамично и неочекувано. Како резултат, добивате секогаш свежа и интересесна забава која ве води во различни правци кои се вредни за истражување.

Противниците доаѓаат во најразлични форми и обично се задоволуваат со директен правец кон вас и опсесивна потреба за гушкање. Вашата задача е да бегате од нив, да собирате злато и искуствени поени и да отклучувате бројни рандомни надградби. Една од најсветлите точки е соочувањето со бројните босови кои можат и-тоа-како да ги тестираат вашите способности. Секој од босовите е внимателно осмислен и се одликува со различни способности кои бараат здрава доза од приближување и избегнување напади.
Rogue: Genesia е забавна игра благодарение на тоа што гејмплеј системот се одликува со над 200 пасивни надрадби, над 60 оружја и над 60 артефакти. Во зависност од тоа што одбирате низ овие три подкатегории, вашиот билд значително ќе се менува, дозволувајќи ви најразлични начини за преигрувања и правејќи го секое идно искуство поразлично. Често пати помислувавме за тоа колку сме само јаки – и колку многу ни се допаѓа таквото чувство.

Надвор од преигрувањата, ќе ја користите вашата тешко спечалена валута за дополнителна, статистичка надградба на вашите способности, како посилни моќи, поголеми шанси за одредени комбинации или награди, и слично. Надвор од ова, ќе можете и да го бирате ликот со кој би сакале да напредувате низ светот (имате на располагање десетина ликови). За поголемо влијание на бојното поле, можете да активирате и најразлични активни и пасивни таленти, како користење одредени оружја или способности.
Rogue: Genesia почнува како клон на Vampire Survivors, но е многу повеќе од тоа, нудејќи значително покомплексни механики, можности за избор и бројна опрема, таленти, оружја и способности. Топла препорака за сите оние кои сакаат да видат во каков правец еволуираа поджантот кој започна со играта на poncle.
Повеќе детали за играта
- Произведува: Ouadi Huard
- Издава: Ouadi Huard, Gamersky Games
- Жанр: roguelike
- Платформа: Microsoft Windows
- Излезена на: 7 март 2025







