Роботот Roomba собира прашина, но и вашите податоци

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

„Кога нешто е бесплатно, тогаш вие сте производот“ се чини дека понекогаш и кога плаќаме, ние сме производот. Производителот на паметни роботи правосмукалки Roomba, ќе им ги понуди плановите од становите на корисниците на Amazon, Apple и Google.

„Плановите“ кои ги поседува iRobot ќе им помогнат на компаниите да дознаат уште повеќе за корисниците. Пред сѐ ова важи за опкружувањето во вистинскиот свет. Мапата ќе отвори нови можности за сопствениците на паметни домови, вели Колин Англ од iRobot за Reuters.

Image courtesy of Chris Bartle / Flickr / CC BY 2.0

Продажбата на податоците на корисниците секако е сериозно нарушување на приватноста. Дел од податоците кои ќе ги собира правосмукалката ќе бидат: растојание помеѓу мебелот, колку често собира ѓубре, колкав е просторот.

Секако, подоброто познавање на просторот не е без придобивки. Паметните светилки ќе можат да определат колку треба да осветлуваат во зависност од тоа каде се поставени; звучниците ќе можат да ја „погодат“ потребната јачина и слично.

Сепак, без сомневање набрзо по добивањето на плановите компаниите ќе пронајдат начин како да ги искористат за рекламирање. Пример, Amazon би можел да ја промени почетната страница во зависност од изгледот на домот во зависност од големината на домот.

Креаторот на Roomba вели дека нема да ги споделува овие податоци без дозвола на корисниците. Компанијата смета дека сепак најголем дел од корисниците ќе ја прифатат оваа понуда.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] од корисниците. Пред 3 години компанијата објави дека роботот прави дигитална слика на станот или објектот кој го чисти. Тогаш компанијата објави дека овие […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk